Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование:
Цели на проектот:
- Да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми, но и да ги
мотивира децата редовно да ја следат наставата и да се запишат во следните
одделенија. - Да обезбеди инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и
каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да
успеат.
Партнерски организации:
Имплементатори: Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со
Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор и Здружението
Центар за образовна поддршка Дендо вас
Локација:
Република Северна Македонија
Времетраење:
Октомври 2019 – Октомври 2022
Проектни активности:
Стипендии: Вкупно 1545 стипендии за 615 ученици Роми запишани во прво, второ и
трето одделение, што ќе овозможи вклучување што поголем број деца Роми во
основното образование, а воедно ќе се намали финансискиот трошок на ромските
семејства поврзан со школувањето на нивните деца. Стипендиите во висина од 400
евра годишно се наменети за ученици Роми, чии семејства се приматели на социјална
помош. Задржувањето и обновувањето на стипендијата ќе зависи од редовноста на
наставата и од успешниот премин во следното одделение.
Поддршка на ромската заедница: Oбезбедување 60 асистенти во општините со
најбројна ромска заедница, кои ќе имаат блиска соработка со ромските семејства и
училиштата и ќе помогнат во процесот на идентификувањето на децата кои се надвор
од образовниот систем, нивно запишување во училиштата, редовното следење на
наставата како и успешен премин во следните одделенија.
Поддршка за училиштата: Обезбедување грантови за максимум 50 училишта за
спроведување мали проекти кои преку игра и заедничко учество во училишни
активности ќе поттикнат интеракција и размена на знаење помеѓу учениците ќе
овозможат трансформација на училниците во поинклузивна средина за учење каде ќе
се почитуваат различностите и ќе се стимулира развојот на сите деца подеднакво, како
и спроведување на обуки за образование и социјална правда за наставниците и друг
професионален кадар од училиштата.
Едукативна и мотивациска кампања: Како дел од проектот се планирани и повеќе
едукативни настани и дистрибуција на материјали како и едукативна медиумска
кампања која ќе има за цел да ги информира и охрабри ромските семејства да ги
запишуваат своите деца во училиште кое редовно ќе го посетуваат, но и да ги
промовира генералните придобивки од образованието врз иднината на децата
квалитетот на живеењето.
Клучни чинители и соработници: Министерство за образование и наука,
Министерство за труд и социјална политика, локалната самоуправа и училиштата.
Буџет: 1 363 516 евра
1 225 528 евра – средства од Европската Унија
137,988 – учество на Фондацијата Отворено општество – Македонија
Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ
интеграциите:
Цели на проектот:
- Да овозможи значајно и структурно учество на граѓанското општество коешто ги
претставува перспективите на граѓаните, со цел да влијае врз клучните секторски
реформи во рамките на процесот на пристапување во ЕУ. - Да воспостави платформа која го структурира учеството на граѓанските
организации во процесите за креирање јавни политики поврзани со процесот на
пристапување во ЕУ. - Да ги зајакне формалните механизми за консултации.
- Да го зголеми влијанието на граѓанското општество во процесот на пристапување
во ЕУ.
Временска рамка
април 2019 – април 2022
Носител: Фондација Отворено општество – Македонија
Партнери: Евротинк, Реактор и Центар за граѓански комуникации
Очекувани резултати:
-
Зголемен обем на достапни и значајни информации за националните
консултативни процеси -
Зголемени (капацитети за) граѓанско учество во процесите за креирање јавни
политики - Формализиран механизам за вмрежување на граѓанското општество
- Зголемена транспарентност на формалните механизми за консултации
-
Претставниците на граѓанските организации во консултативните механизми се
подобро информирани за потребите на граѓаните -
Зголемени капацитети на претставниците на граѓанските организации од трите
консултативни механизми за ефективно застапување и стратегиско планирање - Зголемено влијание на граѓанското општество врз секторските политики
Буџет на проектот: 640.439 евра
—————————————————
15 јануари 2021