Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Предизвиците кои ги имаа учениците но и наставниците, со онлајн наставата, беа навистина големи. Со цел да се обезбеди поддршка за наставниците, во април и мај кои беа многу специфични месеци, Фондацијата Метаморфозис, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, одржа три вебинари со наставниот кадар од 10 рурални училишта, вклучени во концептот на ФООМ Образование на помалубројните етнички заеници.

На вебинарите спроведени со користење на платформата Зум, наставниците имаа можност, низ презентации и практични примери, да дознаат повеќе за најпопуларните алатки кои се користат во е-настава, како и низ дискусија со колегите и колешките, да се извлечат најдобрите пракси. На трите вебинари учествуваа над 170 наставници како и дел од менаџментот на училиштата.

Со унапредени дигитални вештини за настава и учење се гледаме наредната учебна година!

Среќен летен распуст!

 

—————————————————

10 јуни 2020