Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Агендата 2030 за одржлив развој и 17-те Цели за Одржлив Развој претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, за да се обезбеди одржлива иднина и развој на нашата планета и за да им се овозможи на сите луѓе да уживаат еднакво во мир, правда и просперитет.

Развојната Цел 16.3 – Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на пристап до правда за сите, претставува централен елемент од шеснаесеттата развојна цел и ја препознава поврзаноста на пристапот до правда, намалувањето на сиромаштиjата и инклузивниот одржлив развој. Оваа цел обезбедува единствена можност да се даде рефлексија за тоа како националните влади можат да осигураат дека економскиот раст и развој и стратегиите за надминување на сиромаштијата го опфаќаат и пристапот до правда и иницијативите за правно зајакнување, како интегрален дел за остварување на овие цели.

Преточувањето на ЦОР на национално ниво, подразбира подготовка на Стратегии и Акциски планови за одржлив развој на краток, на среден и на долг рок до 2030 година. За овој процес на национално ниво, државите подготвуваат Доброволен национален преглед (Voluntary National Review – VNR), механизам за известување за тоа како земјите ги имплементираат Целите. Во пресрет на Политичкиот форум на високо ниво / HLPF, во јули 2020 година, Република Северна Македонија подготви извештај што ќе биде разгледан за време на Форумот, а Коалиција Маргини и Здружението ЕСЕ како организации кои долги години работат на унапредување на пристапот до правда на маргинализираните заедници, доставија Spotlight извештај во кој ги истакнаа идентификуваните недостатоци во спроведувањето на Целта 16.3 и во кој предлагаат конкретни акции за подобрување на пристапот до правда.

Целите за одржлив развој треба да создадат партнерствата за соработка, размена на искуства и знаења, финансиска и техничка помош меѓу владите и вклучување на бизнис на заедницата, на донаторите, на академијата и на граѓанското општество во нивното спроведување. Во таа насока, Spotlight извештајот ќе биде катализатор за спроведување на Целите за Одржлив Развој на национално ниво, преку зајакнување на соработката и координацијата помеѓу Владата, здруженијата и останатите засегнати страни.

Наодите и препораките погледнете ги на следниот ЛИНК 

—————————————————

27 мај 2020