Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

КОНЦЕПТ: УЧЕСТВО НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ

Со цел да ги поддржи реформските процеси во областите судство, антикорупција и анти-дискриминација како приоритетни области од агендата за пристапување во ЕУ, во 2019 година, концептот Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ ќе се фокусира на: (1) зајакнување на капацитетите и зголемување на знаењата на граѓанските организации и државните службеници, преку обуки за претставниците на граѓански организации и државни службеници на темите: Институционални структури и клучни политички процеси на ЕУ и Преглед на процесот на пристапување – регионални искуства; тематски обуки за претставниците на граѓански организации и државни службеници за законодавството на ЕУ и финансиските инструменти во областите судство, антикорупција и анти-дискриминација; и примарно истражување коешто ќе послужи како основа за дизајнирање и структурирање на обуките според потребите на учесниците; (2) овозможување структуриран дијалог меѓу граѓанските организации и владата, преку грантова шема за три тематски мрежи во областите судство, антикорупција и анти-дискриминација за анализа на спроведувањето на постојните политики и практики и подготовка на препораки за подобрување на политиките во согласност со законодавството на ЕУ; и поддршка за натамошно вмрежување на тематските мрежи во платформа која ќе се застапува за воспоставување на структуриран дијалог; (3) следење на севкупниот напредок во процесот на пристапување во ЕУ согласно заклучоците на Советот на ЕУ и мерење на задоволството на граѓаните од реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ, преку грантова поддршка заЕвротинк – Центар за европски стратегииза оценување на ефектите од воспоставените механизми за структуриран дијалог, спроведување на истражувањето Еврометар кое го мери задоволството на граѓаните од процесот на пристапување во ЕУ, и следење на апсорпцијата на средствата од ИПА; и (4) зголемување на протокот на информации и подобрување на разбирањето на граѓаните за реформите поврзани со пристапувањето, преку мала грантова шема за граѓански организации кои ќе спроведуваат образовни кампањи за граѓаните што ќе им помогнат подобро да го разберат концептот на Европската заедница и да развијат чувство на сопственост врз процесот на пристапување во ЕУ; Европска школа на темите Основите на процесот на пристапување во ЕУ и Градење ефективни комуникациски стратегии, наменета за новинари и претставници на граѓански организации кои имаат силна база на членство и добро воспоставени врски со заедниците; и продукција на медиумски содржини за зголемување на обемот на информации поврзани со пристапувањето во ЕУ кои се лесно достапни и разбирливи за јавноста.

Во рамки на овој концепт, во 2019 година, ФООМ ќе го финализира спроведувањето на проектот Граѓанска алијанса за транспарентност: Набљудување на процесот на реформа на јавната администрација од страна на граѓанските организации, финансиран од Европската Унија, преку ИПА Финансиски инструмент за граѓанско општество и Програма за медиуми за 2015 година. Евротинк – Центарот за европски стратегии е партнер во проектот. Спроведувањето на проектот започна на 1 јануари 2017 година и се очекува да заврши на 30 јуни 2019 година. Генералната цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанското општество во процесите за донесување јавни одлуки во насока на подобрување на квалитетот на реформата на јавната администрација што е од суштинско значење во процесот на пристапување во ЕУ. Се очекува проектот да придонесе за подобрени капацитети на граѓанските организации за мониторинг на реформата на јавната администрација базиран на докази и да овозможи простор за соработка на граѓанските организации за застапување во насока на подобрување на таквите политики.

Во рамки на овој концепт, со почеток на 1 април 2019 година, ФООМ ќе го спроведува проектот Дијалог на граѓанските организации: Платформа за структурно учество во евроинтеграциите, во партнерство со Евротинк – Центар за европски стратегии, Центарот за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција. Овој проект е финансиран од Европската Унија, преку ИПА Финансиски инструмент за граѓанско општество и Програма за медиуми за 2016-2017 година, и се очекува да заврши на 31 март 2022 година. Генералната цел на проектот е да овозможи суштинско и структурирано учество на граѓанското општество кое ги изразува ставовите на граѓаните со цел да влијае врз клучните секторски реформи во процесот на пристапување во ЕУ. Се очекува проектот: (1) да воспостави платформа која ќе го структурира граѓанското учеството во институционалните консултативни механизми преку поедноставување на информациите и олеснување на нивното учество во процесот на донесување јавни одлуки поврзани со пристапувањето во ЕУ; (2) да ги зајакне секторските работни групи, Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор и преговарачките тимови како институционални механизми за консултации меѓу граѓанското општество и Владата, со цел да се овозможи ефективно влијание на граѓанското општество врз клучните секторски реформи во процесот на пристапување во ЕУ; и (3) да се зголеми влијанието на граѓанското општество врз секторските политики преку креирање на јавни политики базирани на докази за клучните секторски реформи.

Во 2019 година, ФООМ ќе го финализира проектот Поддршка за интеграцијата во ЕУ и НАТО, кој е поддржан од резервниот фонд на Европската иницијатива за отворено општество и се спроведува во соработка со Институтот за европска политика при Отвореното општество. Целта на овој проект е да се искористи историската можност за земјата за решавање на прашањето за името и отпочнување на процесот на пристапување во ЕУ и НАТО за да се осигури враќање на земјата на нејзиниот пат кон демократија. Во рамките на овој проект, ФООМ воспостави работна група со Владата на Северна Македонија за поддршка на капацитетите на Кабинетот на Главниот технички преговарач со ЕУ. Работната група ќе го помогне процесот на пристапување и ќе биде функционална до март 2020 година. Исто така, проектот вклучува: (1) подготовка на физибилити студија и план за застапување за меѓународен мониторинг на случаите на висока корупција; и (2) објавување на документи за јавните политики кои ги разгледуваат последиците од позитивната/негативната одлука за членство на земјата во НАТО и во ЕУ.

Од април 2019 година до март 2020 година, ФООМ ќе го спроведува и проектот До ‘заробената држава’ во Северна Македонија – судство, обвинителство, полиција, заедно со Balkan Investigative Reporting Network (BIRN) Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“ и Институтот за човекови права. Целта на проектот е да ги идентификува, преку различни студии на случај и следење на спроведување на законодавството, начините низ кои се остварува политичката контрола врз институциите (судството, обвинителството, полицијата) или начините на кои се злоупотребуваат системските слабости на владеењето на правото. А очекувани резултати се: (1) зголемен број на мониторирани и анализирани судски предмети; (2) зголемена транспарентност на судењата; (3) зголемен број на објавени истражувачки медиумски стории; (4) анализирана правна и институционална рамка; и (5) објавено финално истражување/анализа.

Како дел од Антикорупциската иницијатива за соработка на Фондациите Отворено општество, а во рамки на овој концепт, Фондацијата ќе спроведува активности како дел од проектот Редефинирање на антикорупциските наративи за граѓанско учество чија цел е менување на наративите врзани со антикорупцијата во јавниот дискурс.

КОНЦЕПТ: ПАРТНЕРСТВА ВО ЗАЕДНИЦИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА

Концептот Партнерства во заедниците за унапредување на локалната демократија ќе ги поддржи заедничките заложби на локалните граѓански актери за воведување системски промени во политиките за заштита на животната средина, урбанистичко планирање и трошењето на јавните средства во општините Битола, Тетово и Штип. Во 2019 година, овој концепт ќе се фокусира на: (1) зајакнување на заедниците за учество во консултативни процеси за креирање решенија за јавните политики кои ги одразуваат нивните приоритетни потреби, преку подготовка на студии за утврдување на состојбите, конкретните потреби на заедниците, можните локални партнери, интересот и капацитетот за учество во консултативни процеси и интензивни активности за следење и застапување; обуки за градење капацитети според потребите на локалните групи, активистите и граѓанските организации во заедницата кои се мотивирани за зајакнато учество во консултации со заедницата за креирање решенија за јавните политики; усвојување методологии за спроведување процеси за учество на заедницата и грантови за локалните засегнати страни да спроведуваат процеси за учество на заедницата; и (2) поддршка на зајакнати заеднички активности на граѓанските актери за следење и застапување кое има за цел подобрен квалитет на политиките и практиките во избраните тематски области, преку обуки за градење капацитети според потребите на граѓанските организации за унапредување на следењето и застапувањето; грантова и техничка поддршка за избрани граѓански организации и мрежи за да ги прилагодат методологиите за следење и застапување; и развивање платформа за зајакнување на учењето и соработката.

Како дел од Антикорупциската иницијатива за соработка на Фондациите Отворено општество, а во рамки на овој концепт, ФООМ заедно со Иницијативата за отворено општество на Западна Африка се носители на активностите на проектот Регионални креативни јадра: искористување на моќта на уметноста и културата за охрабрување граѓанска акција против корупција, посветен на јакнење на уметниците, застапувачите и новинарите да бидат поефективни во нивните заложби да влијаат врз вклученоста на луѓето во прашања поврзани со корупција.

КОНЦЕПТ: ОБРАЗОВАНИЕ НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Со цел да го подобри квалитетот на образованието за учениците од помалубројните етнички заедници (Турци, Срби, Бошњаци, Роми), во 2019 година, концептот Образование на помалите етнички заедници ќе се фокусира на: (1) директна поддршка за десет рурални училишта со настава на јазиците на помалубројните етнички заедници за подобрување  на нивните човечки и образовни ресурси. Ова ќе се постигне преку обука за наставници, опремување на училиштата со релевантна опрема,  дидактички и нагледни средства, посети, соработка и вмрежување на проектните училишта, активности  за промовирање на читањето со мобилна библиотека, промовирање и поттикнување на активности на наставниците во заедници за учење, превод и печатење на релевантни наставни материјали и креирање онлајн материјали на јазиците на помалубројните етнички заедници, поддршка на база на отворени образовни ресурси итн.; и (2) работа со локалните и централните власти за дизајнирање одржливи системски решенија кои ќе обезбедат еднакви образовни можности за сите ученици, преку обука за стратегиско планирање за претставниците од локалните образовни власти, подготовка на документи за јавни политики кои произлегуваат од националната сеопфатна Стратегија за образованието 2018-2025 и нејзиното спроведување а се врзани за прашања и проблеми кои се од интерес на ФООМ и главно  се врзани со образованието на наставниците и со надминувањето на нееднаквостите во образованието.

До октомври 2019 година, ФООМ ги администрира Ромската меморијална програма за универзитетски стипендии (RMUSP) и Програмата за медицински стипендии за Ромите (RHSP), кои се финансираат со средства од Ромскиот образовен фонд.

КОНЦЕПТ: МРЕЖНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРАВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ

Мрежната стратегија за правно зајакнување има за цел институционализација на одржлива рамка за правно зајакнување што ќе обезбеди пристап до правда за сиромашните и маргинализираните заедници (Роми, сексуални работници/чки, лица кои користат дроги, текстилни работници/чки итн.), па така, во 2019 година ќе се фокусира на: (1) креирање централни и локални политики за правно зајакнување и следење на нивното спроведување, со учество на граѓанските организации и маргинализираните заедници, преку вклучување на правното зајакнување во локалните акциски планови за 2020 година како дел од Националната стратегија за интеграција на Ромите во 12 општини со предоминантно ромско население; застапување за секторско вклучување на правното зајакнување во релевантните програми поврзани со маргинализираните групи (Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство); мониторинг и застапување за спроведување на различни државни заложби за институционализација на модалитетите за правно зајакнување, т.е. бесплатна правна помош, заложбите од ОВП, ОЦР цел 16.3; и градење капацитети и синергии меѓу обезбедувачите на правно зајакнување, граѓанските организации, институциите и другите засегнати страни; (2) обезбедување финансиска одржливост на модалитетите за пристап до правда, преку развивање модели за секторско финансирање на пристапот до правда за маргинализираните групи; и застапување за одржливо финансирање на бесплатната правна помош и сесиите за правно описменување во рамки на годишните програми на Министерството за правда; и (3) обезбедување континуирана испорака на квалитетни правни услуги и правно зајакнување за таргетираните заедници, преку грантови за поддршка на 10 граѓански организации кои се вклучени во развивање модели за правно зајакнување засновани во заедницата; и градење капацитети на граѓанските организации кои обезбедуваат правно зајакнување за диверзификација на финансирањето и обезбедување одржливост на услугите.

ОБЛАСТ: ОВОЗМОЖУВАЧКА СРЕДИНА ЗА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Целта на областа Овозможувачка средина за граѓанското општество е да ја унапреди овозможувачката средина за граѓанското општество, преку грантова поддршка за мрежи на граѓански организации да ги идентификуваат: (1) „сивите зони“ во правната и фискалната рамка за граѓанските организации; и (2) постојните практики и достапните средства за граѓанските организации на локално и централно ниво. Анализите ќе бидат подготвени на партиципативен начин, преку заеднички работни групи со институциите, и ќе послужат како основа за натамошно подобрување на политиките кои влијаат на граѓанското општество и транспарентни јавни финансии за граѓанските организации.

Од август 2016 до јуни 2019 година, ФООМ спроведува активности за градење капацитети и обука на граѓанските организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ). Проектот го спроведува Ист вест менаџмент институт (од Њујорк) во партнерство со ФООМ, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Асоцијацијата за демократски иницијативи и Националниот младински совет на Македонија. Генералната цел на проектот е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и на младите за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промоција на доброто владеење и придонес за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Проектот ќе го зајакне конструктивното учество на граѓанските организации во политики и прашања од јавен интерес, и да го зголеми и одржи учеството на младите во јавниот живот во Македонија. Преку ПГУ, вклучените млади луѓе и граѓански организации ќе се стекнат со знаење, ќе добијат мотивација и ќе развиваат вештини кои ќе им овозможат да дадат свој придонес во дискусиите за јавните политики со владата, приватниот сектор, медиумите и другите граѓански организации.

ОБЛАСТ: СТУДЕНТСКИ ПРАВА И АНГАЖИРАНОСТ

Областа Студентски права и ангажираност има за цел да ги унапреди студентските права и ангажираноста за подобри младински и студентски политики и за поголема транспарентност и отчетност во високото образование, преку: поддршка за Младинскиот образовен форум и неколку други младински и студентски организации за да обезбедат активно учество во креирањето подобри младински и студентски политики, квалитетни услуги, функционални модели за учество и организација; и за да влијаат на транспарентноста и отчетноста на трошењето на јавните средства од страна на универзитетите и студентските домови во високото образование. Интервенциите на грантистите ќе вклучат истражување, придонес во креирањето на јавните политики и застапување; и поддршка за Независниот академски синдикат (НАкС) и други граѓански организации да ја одржат својата контролна улога врз политиките и мерките во високото образование и да придонесат кон поголема автономија на универзитетите, студентско учество, транспарентност и отчетност.

ОБЛАСТ: ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИТИКИ ЗАСНОВАНИ НА ПРАВА

Областа Здравствени политики засновани на права има за цел да ги подобри здравствените политики и практики, вклучително и за маргинализираните заедници (ЛГБТИ, Роми, лица кои користат дроги, сексуални работници/чки и лица кои живеат со ХИВ), преку: грантова поддршка за Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници за да бараат отчетност од владата за распределување максимални расположливи ресурси за прогресивно и недискриминирачко остварување на здравствените права; и за поддршка на реформите на здравствените политики и учество на засегнатите заедници во процесите на донесување одлуки; и грантова поддршка за граѓански организации и групи на пациенти со ретки болести за да работат на пристап до основните лекови.

Како дел од Антикорупциската иницијатива за соработка на Фондациите Отворено општество, ФООМ ќе спроведува активности за мониторинг и анализа на јавните набавки во областите здравство и образование во рамки на проектот Обединување на засегнатите страни во борбата против корупцијата во здравството и образованието.