Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ги следиме препораките на Министерството за здравство за заштита и превенција од ширењето на вирусот COVID-19 и привремено ја затвораме канцеларијата, но, продолжуваме со работа од дома.

Канцеларијата на ФООМ ќе биде затворена почнувајќи од 16 март 2020 г., но сите тековни активности ќе продолжат по претходно утврдената динамика, а работните обврски непрекинато ќе се извршуваат со работа од дома. Остануваме достапни во редовното работно време на ФООМ преку нашите електронски пошти кои можете да ги најдете на нашиот веб сајт во делот ЗА НАС. Со поддршка и разбирање од сите наши партнери и соработници очекуваме ефикасно и непречено извршување на сите предвидени активности.

Во наредниот период будно ќе го следиме развојот на настаните врзани со COVID-19, ќе постапуваме согласно препораките на надлежните, и ќе бидеме општествено одговорни чувајќи го здравјето на сите наши колеги, но и на нивните семејства и нивното блиско опкружување. Канцелариите на ФООМ ќе бидат повторно отворени во првиот момент кога условите ќе го дозволат тоа.

Ви посакуваме добро здравје на сите.

#БидиОдговорен #СедиСиДома #ЗаштитиСе

—————————————————

16 март 2020