Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Иницијативата за правда на отвореното општество, програма на Фондациите Отворено општество, објавува отворен повик за стипендии Aryeh Neier 2021-2022 година.

Крајниот рок за поднесување пријави е 24 март 2020 година.  

Програма за стипендии Aryeh Neier при Иницијативата за правда е двогодишна програма со полно работно време, која им нуди на правниците и другите застапувачи можност да се стекнат со практично искуство за меѓународно застапување за човековите права во широк спектар на тематски и географски области, преку нивно поставување како интегрален дел од глобалниот тим на Иницијативата за правда.

Стипендистите работат на повеќе тематски области при Иницијативата за правда, a отворениот повик за стипендии се однесува на позиции во канцелариите на Иницијативата за правда на отвореното општество во Берлин (Германија), Лондон (Велика Британија) и Њујорк (САД). Повеќе информации околу програмата за стипендии, инструкциите за пријавување како и останатите важни информации можете да најдете на следниве линкови:

Берлин: https://bit.ly/2W8MKhg

Лондон: https://bit.ly/2wNP3f2

Њујорк: https://bit.ly/3cS9Yy9

—————————————————

12 март 2020