Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Оваа година за прв пат се одржува ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА во Скопје, нешто што одамна чекаме да се случи и што не’ прави навистина среќни. Нашата заедничка, долгогодишна активна работа за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата и градење општество без дискриминација продолжува и понатаму, и во тој дух, во сабота, заедно со нашите партнери и грантисти гордо ќе дадеме поддршка на нашите ЛГБТИ пријатели.

Ние во ФООМ сме особено горди што ќе присуствуваме на Парадата на која ќе покажеме дека сме горди пријатели и ве повикуваме да ни се придружите во поддршката на ЛГБТИ заедницата за заедно да придонесеме во создавањето на општество во кое сите имаат еднакви можности и во кое се почитуваат различностите бидејќи тие се оние кои не’ прават посилни.

—————————————————

3 јули 2019