Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

ДАВОС, ШВАЈЦАРИЈА— Џорџ Сорос денес најави создавање нова мрежа на универзитети која подобро ќе ги подготви студентите за сегашните и идните глобални предизвици. За оваа цел тој намени една милијарда долари и воедно ги покани и останатите филантропи да ја поддржат.

Мрежата на универзитети, која ќе функционира на светско ниво, е именувана Мрежа на универзитети за отворено општество (МУОО). Мрежата ќе поврзува настава и истражувања низ повеќе високообразовни институции ширум светот. Ќе обезбеди и паралелни мрежни курсеви и заеднички додипломски програми, а исто така ќе ги приближува студентите и факултетите од различни земји преку лични или онлајн дискусии. Мрежата има за цел да ги опфати оние студенти на кои таа им е најпотребна и да ги промовира вредностите на отвореното општество – вклучително слободното изразување и различните верувања и мислења.

Мрежата на универзитети за отворено општество ќе се труди да промовира сериозна едукација и да допре до институциите кои имаат потреба од интернационални партнери, како и до  популациите кои вообичаено се занемарени во процесот на едукација, како што се бегалците, затворениците, Ромите и раселените лица. Со помош на своите партнери, МУОО е подготвена да започне масовна програма на „студенти во ризик“ спојувајќи ги на тој начин во една меѓународна мрежа сите оние студенти кои имаат извонредни академски достигнувања, а кои се воедно доведени во опасност од политички причини.

Дури и во моментов, МУОО поврзува високообразовни институции и одржува мрежни обуки кои ги поврзуваат студентите и факултетите од повеќе универзитети низ светот во училница, факултет и преку заеднички истражувачки проекти на кои соработуваат луѓе од повеќе универзитети.

Г. Сорос изјави: „Верувам дека нашата најголема надеж е во пристапот до образование кое ќе ја зајакне самостојноста на поединецот преку негување на критичката мисла и поддршка на академската слобода. Сметам дека Мрежата на универзитети за отворено општество е најзначајниот и најдолгорочен проект во мојот живот и навистина би сакал да го видам имплементиран додека сум уште тука.“

Г. Сорос, кој во последните 30 години донираше повеќе од 32 милијарди американски долари за образование и социјална правда, додаде: „Ние бараме партнерски институции кои чувствуваат одговорност за иднината на нашата цивилизација, луѓе кои се инспирирани од целите на МУОО и кои сакаат да учествуваат во нивната реализација.“

Централноевропскиот универзитет (ЦЕУ), чуј основач е Сорос, и Колеџот Бард ќе бидат носители на новата мрежа. Партнери ќе им бидат Државниот универзитет во Аризона, светски лидер во учење на далечина, и други институции ширум светот, како на пример Американскиот универзитет на Централна Азија во Киргистан и Универзитетот BRAC во Бангладеш.

„Не можеме сами да изградиме глобална мрежа,“ истакна Сорос. „Се надевам дека оние кои ја делат истата визија со нас ќе ни се придружат во нејзината реализација.“

Леон Ботстајн, претседател на Колеџот Бард кој воедно ќе биде и ректор на МУОО, изјави: „МУОО е иницијатива со најголем потенцијал за трансформација во високото образование за која што сум посведочил во мојата кариера. Ветува огромни и разновидни партнерства, иновации кои го прошируваат критичкото размислување и истражување, како и меѓународни стипендии. Би сакал да му се заблагодарам на г. Сорос и на Фондациите Отворено општество за нивната визија и доверба.“