Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Платформата на граѓански организации против корупцијата бара финализирање на процедурите за избор и именување на раководство на:

Веќе предолго време овие институции се оставени без раководни структури, што е на директна штета на граѓаните на Републиката и на институциите. Овие институции се исклучително важни во обезбедување на контролата на трошењето на јавните пари, усогласеноста на институциите со регулативата, и правото на пристап до информации. Ваквата состојба остава значајни ризици по борбата против корупцијата – која треба да е клучна заложба на пратениците во Собранието како претставници на граѓаните и заштитници на јавниот интерес.

Во очи на изборите, намалената, или дисфункционалноста на овие тела е дополнителен ризик. ДЗР има директна улога во контролата на финансирањето на партиите и кампањите, а правото на пристап до информации од јавен карактер мора да биде обезбедено за новинарите, невладините и граѓаните во претстојниот период за да се зголеми транспарентноста на изборите.

Истовремено, Платформата бара при именувањето на раководните структури на овие институции, Собранието да се одважи и да ја направи постапката транспарентна, и да им овозможи на пратениците на јавен распит да ги испитуваат потенцијалните кандидати. Со ова, на пратениците ќе им се даде можност во целост да ја исполнат својата улога на носење одлуки – преку проверка, информирање и воспоставување контрола на процесот.

Во тој процес, граѓанските организации од Платформата стојат на располагање да го помогнат сето ова, информирајќи ги пратениците за своите оценки и мислења по кандидатите.

 

Со почит
Платформа на граѓански организации против корупцијата