Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

7 ЈАНУАРИ, 2021
МАРК МАЛОХ БРАУН

Во текот на ноќта бевме сведоци на неверојатни сцени кога стотици насилници поттикнати од криминален претседател гo нападнаа законодавниот дом на една земја и предизвикаа безредие и смрт во обид да го поништат резултатот од демократските избори.

Како што знаеме, ова не се случи каде било. Ова се случи во Вашингтон, главниот град на една од најстарите светски демократии, САД. Сметам дека, пред четири години малкумина во Фондациите Отворено општество очекуваа да користат вакви зборови на осуда за Америка. Основано за промовирање на човековите права и правдата низ целиот свет, Отворено општество никогаш не било слепо за раските во самите очи на Америка – општество со брутално пристусто на расна неправда и економско исклучување – но ние, како и многумина, сметавме дека авторитетот на демократскиот процес на Америка ќе обезбеди чекорење напред.

И повторно, истиот ден на кој се случи насилството предизвикано од толпата во Вашингтон, афроамерикански пастор од старата црква на др. Мартин Лутер Кинг, беше избран во американскиот Сенат од Џорџија. Пречесниот Рафаел Ворнок е првиот афроамериканец демократ кој некогаш бил избран во Сенатот од држава на старата јужна конфедерација. И заедно со Џон Ософ, чија победа во вториот круг го направи првиот еврејски сенатор во Џорџија, тој ќе го претставува најтесното мнозинството во Сенатот на дојдовниот претседател Бајден.

Насилниот обид да се поништат изборите, сепак, не се брише со ваков контрастен момент на демократски триумф. Американското морално раководство беше изгорено од она што се случи вчера.

Апсолутистите го прославија она што тврдат дека е распаѓање на американската демократија. Започнаа невидливите споредби: дејствијата минатата година на младите демонстранти во Хонг Конг, чии демократски права беа негирани, при инвазијата на нивната законодавна зграда, кинеските медиуми преку ноќ ги прикажаа како директно споредливи со овие во Вашингтон. Претседателот на Венецуела, Мадуро, во етер, побожно им предаваше на своите граѓаните за предавството на демократијата во Америка и супериорноста на демократскиот модел на Венецуела. Иранската и руската телевизија постојано, секоја минута, известуваа за понижувањето на демократијата во САД.

Американската демократија не беше единствениот аспект ставен на испит од вчерашните настани. Самите вредности на Отворено општество, кои се веќе под закана од растечкиот број на авторитарни влади ширум светот, беа нападнати вчера на улиците и скалите на Капитол во САД. Сепак, како што покажуваат и победите на Сенатот во Џорџија, демократијата може да надвладее.

Во Отворено општество ние сме родени во ера на проширување на демократијата и човековите права низ целиот свет. Денес тие вредности се на удар на многу места. Ние и нашите илјадници партнери не сме очајни. Наш пример и светло што нѐ води е вчерашните случувања во американската држава Џорџија, а не вчерашните случувања во Вашингтон.

Извор: Open Society Foundations

Фото: Семејство присуствува на протест во Савана, Џорџија на 19 декемрви 2020. © Megan Varner/Getty

—————————————————

11 јануари 2021