Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

АКАДЕМИЈА ЗА УМЕТНИЧКА АКЦИЈА

15 до 19 октомври 2019 година во Сарајево, Босна и Херцеговина

Фондациите отворено општество, Центарот за уметнички активизам од САД и Центарот за современи уметности од Скопје ги повикуваат заинтересираните уметници и граѓански активисти да учествуваат на Академијата за уметничка акција во траење од пет дена од 15-ти до 19-ти октомври 2019 година во Сарајево, Босна и Херцеговина. Академијата за уметничка акција се спроведува во рамки на двегодишна иницијатива коај се спроведува во Западен Балкан и Западна Африка, а има за цел да пренесе знаење и да ги охрабри уметниците, активистите и новинарите да бидат поефективни во нивните напори да влијаат врз ангажирањето на луѓето во врска со проблемите со корупцијата и да создадат можности за синергии низ различни теми и географии.

Кандидатите мора да бидат спремни да се посветат на целата обука во времетраење од пет цели денови плус време за патување. Сите трошоци (патни билети, сместување и оброци) ќе бидат покриени од Фондациите отворено општество.

Детални информации за обуката и условите за конкурирање се достапни во целосната објава во документот подолу.

Пријавувањеето се врши по електронски пат, а крајниот рок за пријавување е 23 август 2019 година.

Избраните кандидати ќе бидат известени до 13 септември 2019.

                        
Дополнителни документи :
RCH CALL FINAL

—————————————————

25 јули 2019