Програмата за грантови за истражувачи на граѓанското општество (CSSA) поддржува меѓународна академска мобилност за да им овозможи на докторандите и универзитетските наставни кадри пристап до ресурси кои ги збогатуваат општествено-ангажираните истражувања и критичката истражувачка работа во нивната матична земја или регион.
Истражувачите на граѓанското општество се избираат врз основа на нивните извонредни придонеси во истражувања или други ангажмани со локалните заедници, за унапредување на дебати за предизвикување на општествените прашања, и за зајакнување на критичката истражувачка работа и академските мрежи во нивните полиња.
КРИТЕРИУМИ ЗА КВАЛИФИКУВАНОСТ
Грантовите се отворени за следниве академски групи:
– докторанди во квалификуваните полиња кои студираат на акредитирани универзитети во или надвор од нивната матична земја; или
– членови на наставен кадар со полно работно време (мора да имаат најмалку магистратура) кои предаваат на универзитетите во нивната матична земја.
Кандидатите мора да бидат државјани на следниве земји: Авганистан, Албанија, Ангола, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Камбоџа, Демократска Република Конго, Република Конго, Египет, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Етиопија, Гвинеја, Хаити, Косово, Лаос, Либија, Македонија, Молдавија, Монголија, Мјанмар/Бурма, Непал, Палестина, Папуа Нова Гвинеја, Србија, Судан, Јужен Судан, Сирија, Свазиленд, Таџикистан, Тунис, Туркменистан, Узбекистан или Јемен.
Времетраење на проектот: меѓу 2 и 12 месеци
Локација на проектот: проектите мора да се одвиваат надвор од земјата на престој на апликантот
Квалификувани датуми : 1 септември 2019 – 31 август 2020 година
Максимално барање за финансирање: 15.000 долари
ПРЕДМЕТНИ ОБЛАСТИ:
Сите предметни области од општествените и хуманистичките науки се сметаат за квалификувани, но посебно оние поврзани со: право, правда и управување; одржлив развој и управување со природни ресурси; економски права и зајакнување на сиромашните; јавно здравје, социјална работа и развој на заедниците; нови закони и политики за медиумите; инклузивно образование; постконфликтни студии; и човекови права.
Програмата не дискриминира во однос на возраста, расата, бојата на кожата, полот, религијата или верата, сексуалната определба, промената на полот, попреченоста, бременоста и мајчинството или бракот и/или граѓанското партнерство на апликантите.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 29 МАРТ 2019 ГОДИНА
Пред аплицирањето, ве молиме да ги разгледате документите со детални упатства и често поставувани прашања, достапни тука.
—————————————————
29 март 2019