Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Иницијативата за правда на отвореното општество, програма на Фондациите Отворено општество, објавува отворен повик за стипендии Aryeh Neier 2020-2021 година.

Програма за стипендии Aryeh Neier при Иницијативата за правда е двогодишна програма со полно работно време, која им нуди на правниците и другите застапувачи можност да се стекнат со практично искуство за меѓународно застапување за човековите права во широк спектар на тематски и географски области, преку нивно поставување како интегрален дел од глобалниот тим на Иницијативата за правда.

Стипендистите работат на повеќе тематски области при Иницијативата за правда како што се: отчетност, слобода и транспарентност, кривична правда, еднаквост и инклузија, владеење на правото, како и на други иницијативи што ги спроведуваат тимовите за застапување и правно зајакнување.
Отворениот повик за стипендии се однесува на позиции во канцелариите на Иницијативата за правда на отвореното општество во Берлин (Германија), Лондон (Велика Британија) и Њујорк (САД). Повеќе информации околу програмата за стипендии, инструкциите за пријавување како и останатите важни информации можете да најдете на следниве линкови:

Берлин: https://osf.to/2tXiDdy

Лондон: https://osf.to/2EX6c7O

Њујорк: https://osf.to/2CadSl2

Крајниот рок за поднесување пријави е 24 март 2019 година.  

Целосниот повик за повик за стипендии Aryeh Neier 2020-2021 година можете да најдете во прикачениот документ. http://fosm.mk/CMS/Files/Documents/Aryeh%20Neier%20Fellowship%20Announcement%202020-2021.pdf

 

                                    
            

—————————————————

24 март 2018