1 Објавa број: FOSM/EDU/200701EQ
2 Финансирање: Фондација Отворено општество-Македонија
3 Нарачател: Фондација Oтворено општество – Македонија (ФООМ) за потребите на проектот/концептот Образование на помалите етнички заедници
4 Корисници: Деца на родители со ниски примања (Целина 1) и Десет училишта, партнери во проектот и ученици (другите Целини)
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
5 Опис на набавката:
Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на опрема дадена во пет одвоени целини.
6 Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)
Целина 1: Таблети за следење на настава преку Интернет
Целина 2: Компјутерска опрема
Целина 3: Мултифункциски фотокопирни уреди
Целина 4: Смарт табли
Целина 5: Проектори
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
7 Подобност и правила на потекло
Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон ФООМ.
Потекло на производите и националноста на добавувачот:
За Целина 2: Компјутерската опрема треба да биде од познат светски производител (Brand Name), нема ограничувања врзани со националноста на понудувачот, добавувачот и потеклото на производите предмет на понудата.
За другите четири целини, нема ограничувања врзани со националноста на понудувачот, добавувачот и потеклото на производите предмет на понудата.
8 Основа за исклучување
Понудувачите мора да обезбедат изјава (вклучена е во точка 3 од тендерскиот образец) дека не се во ситуација наведена во првиот дел на Точка 7.
9 Број на понуди
Еден понудувач може да даде само целосна понуда за целината. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.
10 Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)
Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).
11 Гаранции
На успешниот понудувач за Целина 1 и за Целина 2 ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара за Целините 3, 4 и 5 од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.
12 Валидност на понудата
Понудите мора да останат валидни 90 дена по крајниот рок за поднесување на истите.
13 Краен рок на извршување
50 дена по потпишувањето на договорот.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
14 Бодување и критериуми
За Целина 2, Компјутерска опрема
• 60 % (од вкупните бодови) = Цена.
• 15 % (од вкупните бодови) = Сервисна мрежа на понудувачот во РСМ, должина на гарантен рок за стоката и услови на сервисирање (и квалитет на изработка за Целина 2).
• 10 % (од вкупните бодови) = Референци на понудувачот во РСМ.
• 15 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на испорака и пуштање во работа на опремата.
За Целина 1, 3, 4 и 5
• 70 % (од вкупните бодови) = Цена.
• 15 % (од вкупните бодови) = Сервисна мрежа на понудувачот во РСМ, должина на гарантен рок за стоката и услови на сервисирање (и квалитет на изработка за Целина 2).
• 5 % (од вкупните бодови) = Референци на производителот и понудувачот во РСМ.
• 10 % (од вкупните бодови) = Начин на плаќање и рок на испорака и пуштање во работа на опремата.
КОНКУРИРАЊЕ
15 Како да ја набавите комплетната документација
Комплетната документација ќе ја добиете со симнување на дополнителниот документ подолу.
Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат на адреса на ФООМ, по електронска пошта на: vanco.dzambaski@fosm.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. ФООМ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.
16 Краен рок за поднесување на понудите
Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена “Понуда бр. FOSM/EDU/200701EQ“, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:
ФООМ, “Јане Сандански” 111, 3-ти спрат, 1000 Скопје, РСМ
За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.
Краен датум за достава на понудите: четврток, 23.07.2019 год., во период од 10.00 до 16.00 часот.
Поради тоа што канцеларијата не е отворена во опвој период, во случај да понудата сакате да ја доставите друг ден, порано од крајниот термин, информирајте нѐ на контакт мејлот за да го договориме времето.
Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.
17 Јавно отвoрање на понудите
Јавно отварање на понудите нема да има!
—————————————————
9 јули 2020