Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во рамки на проектот Редовно на часови:  акција за вклучување на Ромите во основното образование, Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со своите партнери Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор објавува конкурс за стипендирање на 333 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година. Целта на овие стипендии е преку намалување на финансискиот товар на најранливите ромски семејства поврзан со школувањето на нивните деца да се обезбеди поголема вклученост на Ромите во основното образование, редовна посета на наставата и успешен премин во следните одделенија. Средствата за проектот и стипендиите се обезбедени од Европската Унија.

Основни информации за стипендијата

Можност за пријавување на конкурсот имаат:

Потребни документи за пријавување

Критериуми за стипендирање

Основни критериуми за стипендирање се:

Во случај повеќе од 333 кандидати да ги исполнуваат основните критериуми за стипендирање,  предност ќе биде дадена на учениците Роми:

Во случај да се неопходни дополнителни документи за потврда на веродостојноста на податоците наведени во пријавата истите ќе бидат побарани.

Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година): При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, како приход не се смета стипендијата.

 

Краен рок за пријавување е 9 октомври (петок) 2020 година.

 

Пријавите се доставуваат:

За пријавите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на доставување на пријавата/пратката во пошта. За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат известени по пошта.

Пријавата за конкурсот можете да ја најдете во вашето училиште, Фондацијата Отворено општество – Македонија и во Центарот за образовна поддршка Дендо вас (ул. Плачковица 51, Шуто Оризари, Скопје).

Дополнителни информации за конкурсот можете да добиете:

– телефонски на 02/2477 107; 071/232 861; 070/309 373

– на и-мејл redovnonacasovi@fosm.mk

Целосниот текст на конкурсот како и пријавата можете да ги најдете во дополнителните документи подолу.

                        
Дополнителни документи :
Конкурс за стипендирање на ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2020/2021 година
Пријава за стипендирање на ученици Роми

—————————————————

15 јуни 2020