Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

КОНКУРС ЗА „НАЈООР НАСТАВНИК/НАСТАВНИЧКА ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2020“

Целта на конкурсот е да се истакне важноста на користењето отворени образовни ресурси во наставниот процес, како и да се промовира наставничката професија како професија со голема одговорност за поттикнување соработка и инклузија на ученици со различни можности, различно етничко, социо-економско, јазично и културно потекло. Конкурсот се реализира во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на концептот Образование на помалите етнички заедници.

Отворени образовни ресурси се сите материјали кои се отворени, бесплатни и слободни за користење во наставниот процес. Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, подкасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употреба во настава и при учење. Овие материјали се бесплатно достапни за употреба од страна на наставниците и учениците, без потреба од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца.

Намерата на овој повик е да се збогатат ресурсите за настава и учење на сите наставни јазици, како и да се промовираат и наградат посветените наставници и наставнички кои придонесуваат за развој на образованието и воспитанието на учениците. Овие наставници и наставнички училницата ја претвораат во магично место за нови откритија, искуства и знаења и ги подготвуваат учениците за живот како активни граѓани во демократско општество.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ

Повикот е наменет за редовно вработени наставници и наставнички од основните државни училишта. Право на учество имаат наставници и наставнички без разлика дали имаат неполн или полн фонд на часови во училиштето. На повикот ги поттикнуваме да се пријават наставниците и наставничките кои придонесуваат во унапредувањето на воспитно-образовниот процес преку создавање, модифицирање, користење и промовирање на употребата на отворени образовни ресурси (ООР). Особено ги охрабруваме наставниците и наставничките кои создаваат отворени образовни ресурси на јазиците на настава на помалубројните етнички заедници, како и наставниот кадар кој работи во руралните училишта.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И НАГРАДЕН ФОНД

Комисија составена од непарен број членови – експерти од област образование, ИКТ и други области согласно конкурсот, предложена од управниот одбор на Фондацијата Метаморфозис, ќе одлучува за „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020“ врз основа на следните критериуми:

  1. Содржина– содржината на ресурсот одговара за целната група (ученици од основно образование), содржината која ја нуди ресурсот е оригинална, односно е авторско дело на наставникот/наставничката. Ресурсот може да содржи елементи кои не се авторски дела на наставникот/наставничката (на пример фотографии, графикони, цитати, итн.) но истите задолжително треба да бидат од отворен карактер, односно соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс, со експлицитно наведен оригинален автор. Додатните елементи не смее да надминуваат 30% од вкупната содржина на ресурсот со кој се учествува на конкурсот – максимум 40 поени.
  2. Креативност– содржината на ресурсот ги  пренесува последните информации достапни за темата која е соодветна на наставниот план и програма за соодветното одделение во основното образование во РСМ, односно ги содржи најновите научни сознанија од тематиката која ја обработува ресурсот. Истите се презентирани на креативен/иновативен начин, со користење на мултимедијални елементи (фотографии, звук, визуелизации, итн. – каде тоа е возможно), поттикнувајќи интерактивност кај учениците – максимум 40 поени.
  3. Квалитет на изработка – севкупниот технички квалитет на изработка на ресурсот, вклучително соодветност на форматот за користење во основно образование во РСМ, присуството на визуелни и други мултимедијални елементи. – максимум 20 поени.

Комисијата го задржува правото да одбие да разгледа дела, односно ресурси на автори што содржат разни дискриминаторски изјави или ставови (расна, религиозна, етничка, верска или која било друга основа за дискриминација), псевдо-научни заклучоци, ставови или податоци, како и ресурси кои промовираат политички гледишта од бил кој политички спектар.

Комисијата, согласно системот на бодување, ќе изработи ранг-листа на 10 највисоко рангирани наставници и наставнички (не одделни ресурси), со сумирани бодови за секој наставник или наставничка кои влегле во потесен круг на оценување. Листата ќе биде доставена до организаторот (Фондацијата Метаморфозис) и јавно објавена на веб страницата, по што ќе бидат контактирани трите највисоко рангирани наставници/наставнички.

Највисоко рангираните наставници и наставнички во рамки на повикот „НајООР наставник/наставничка од основното образование“ ќе добијат награди во форма на преносен компјутер (лаптоп).

Дополнително, за училиштата во коишто работат наставниците и наставничките – добитници на награди, предвидена е и набавка на smart табла за училиштето, односно табла со проектор. Доколку наградените наставници/наставнички одржуваат настава во повеќе училишта, за добитник на награда ќе се смета училиштето во кое наставникот/наставничката има најголем фонд на часови.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните учесници за конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020“ се пријавуваат преку регистрирање и креирање на кориснички профил на веб-страницата www.oer.mk и прикачување на минимум еден (1) отворен образовен ресурс, соодветно лиценциран со отворена Криејтив Комонс лиценца. За отворени образовни ресурси се сметаат: лекција, видео-лекција, презентација, квиз, квиз за проверка на знаење, вежби, интерактивни вежби, учебник, алатки за проверка на знаење, работна тетратка и многу други форми. Оваа листа не е конечна, а за прашања во врска со соодветноста на ресурсот можете да нѐ контактирате на contact@oer.mk.

По регистрирањето (отворањето кориснички профил) на веб-страницата www.oer.mk, секој наставник/наставничка задолжително испраќа известување по пат на e-mail до организаторот (contact@oer.mk,) со наслов „Пријава за учество – конкурс НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020“. Во содржината на пораката задолжително се наведуваат следните информации:

Еден наставник/наставничка може да учествува на конкурсот со најмалку еден изработен ресурс, во било кој формат, прикачен на сопствениот профил на веб-страницата oer.mk, во временската рамка зададена за конкурсот (од 8 август до 1 ноември, 2020 година). На конкурсот не учествуваат претходно изработени ресурси (лекции, вежби, видео-лекции, квизови, итн.) вклучително и ресурси претходно објавени на платформата Едуино. По завршувањето на овој конкурс, сите ресурси изработени за потребите на „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020“ можат слободно да се користат, и реобјавуваат.

Со пријавување на конкурсот, авторите се согласуваат нивните податоци и ресурси да се користат, споделуваат и промовираат од страна на Фондацијата Метаморфозис и нејзините партнери, преку веб-страниците, социјалните медиуми и други форми и канали на промоција.

Прашања во врска со конкурсот се праќаат исклучиво по електронски пат најдоцна до 20 септември, 2020 година, на следнава е-адресаcontact@oer.mk

КРАЕН РОК за пријавување: 1 ноември, 2020 година

***

Конкурсот е распишан од ФОНДАЦИЈАТА МЕТАМОРФОЗИС во рамки на Концептот „Образование на помалите етнички заедници“ на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

                                    
            

—————————————————

10 август 2020