Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

 

  1. Објавa број: RP/FOSM/FT/2251
  2. Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија и Open Society Foundation for Albania, Пилот проект за соларни панели на училишта во Република Северна Македонија
  3. Нарачател: Фондација Отворено општество – Македонија
  4. Корисници на опремата: 6 училишта од Република Северна Македонија

 

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

  1. Опис на набавката:

Предмет на набавката е изработка на проектна документација и изведба на фотоволтаични соларни централи во: ООУ Никола Русински, с. Русиново, Берово; СОУ Методи Митевски Брицо, Делчево; ООУ  Страшо Пинџур, с.Јосифово, Валандово; СОУ Гоце Делчев, Валандово; ООУ Неџати Зекирија, с. Коџаџик, Центар Жупа; ООУ Кирил и Методиј, с.Кучевиште, Чучер Сандево, дадени во три целини и два одвоени договори.

  1. Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

Целина 1: Фотоволтаични соларни централи во: ООУ Никола Русински, с. Русиново, Берово; СОУ Методи Митевски Брицо, Делчево;

Целина 2: Фотоволтаични соларни централи во: ООУ  Страшо Пинџур, с.Јосифово, Валандово; СОУ Гоце Делчев, Валандово;

Целина 3: Фотоволтаични соларни централи во: ООУ Неџати Зекирија, с. Коџаџик, Центар Жупа; ООУ Кирил и Методиј, с.Кучевиште, Чучер Сандево

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  1. Подобност и правила на потекло

Понудувачи можат да бидат градежни фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондацијата Отворено општество – Македонија и поседуваат најмалку Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.

  1. Основа за исклучување
  2. Број на понуди

Еден понудувач (носител) може да даде само една понуда. Таа мора да е целосна за целината но не мора да се нудат сите целини. Секоја целина е предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки на зададената целина. Во ниеден случај некомплетни понуди за поедина целинa нема да бидат разгледувани.

  1. Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

  1. Гаранции

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот не го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.

  1. Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни 180 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

  1. Краен рок на извршување

120 дена по потпишувањето на договорот.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

  1. Бодување и критериуми

 

КОНКУРИРАЊЕ

Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација ќе ја добиете на следниот линк.

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: vanco.dzambaski@fosm.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 4 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 16. Фондација Отворено општество – Македонија ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.

  1. Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. RP/FOSM/FT/2251, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

Фондација Отворено општество-Македонија, ул. Чедомир Миндеровиќ 31, Скопје

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до среда, 15.06.2022 год. до 15.00 часот. Најдоцна до 03.06.2022 год., секој понудувач ќе треба да се регистрира дека има намера да нуди на тој начин што ќе испрати порака на vanco.dzambaski@fosm.mk.

На адресата од која ќе ја испрати пораката ќе ги добива сите прашања и одговори кои во текот на процесот на подготовка на понудите ќе бидат поставени.

  1. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Јавно отворање на понудите нема да има!

Array
(
    [0] => 
)
Дополнителни документи :
Дополнителна документација и скици за 6 училишта
Погледнете:
Резултати од конкурсот

—————————————————

25 мај 2022