Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Независниот академски синдикат (НаКС) организира трибина за презентација на резултатите и сознанијата од електронските анкети за мерење на перцепциите во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар. Трибината ќе биде одржана онлајн на 30.09.2020 година со почеток во 12:00 часот.

На трибината ќе бидат презентирани сознанијата и резултатите од електронските анкети за мерење на перцепцијата на вработените во високото образование и науката во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар како и на транспарентноста и отчетноста во финансирањето на високото, како и резултатите од електронската анкета за мерење на перцепцијата на пошироката јавност во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар. Истражувањата се спроведени во рамките на рализацијата на проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ“ раководен од Независниот академски синдикат, а финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Трибината ќе биде пренесувана и преку Фејсбук страната на НАкС: https://www.facebook.com/Nezavisen.akademski.sindikat/

На трибината се поканети претставници на Владата и на ресорните министерства согласно темата на трибината, претставници на јавните универзитети и на единици на универзитетите, претставници на јавните научни установи, претставници на синдикатите, членови на НАкС и припадници на академската заедница.

 

АГЕНДА НА НАСТАНОТ

Датум: 30.09.2020 год.

Час: 12.00 до 13.30 часот

Место: Онлајн

 

МОДЕРАТОР: Проф. д-р Елена Џукеска

12.00 – Уводен збор – проф. д-р Елена Џукеска, в.д. Претседател на НАкС

12.10 – проф. д-р Драгор Заревски; проф. д-р Бојана Наумовска

Презентирање на сознанијата и резултатите од електронската анкета за мерење на перцепцијата на вработените во високото образование и науката во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар како и на транспарентноста и отчетноста во финансирањето на високото образование

12.30 – проф. д-р Мира Беќар; проф. д-р Александар Таковски Презентирање на сознанијата и резултатите од електронската анкета за мерење на перцепцијата на пошироката јавност во однос на соодветната валоризација на трудот на академскиот кадар

12.50 – Општа дискусија

13.20 – Завршен збор