На 28 февруари 2022 година, од 11.00 до 13.30 часот, на онлајн платформата Zoom, Мрежата за заштита од дискриминација ќе ја организира завршната конференција со наслов „Социјална правда и нееднаквоста – дел клучните проблеми на маргинализираните групи и нашето општество“. Конференција е дел од проектот „Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
На конференцијата ќе бидат промовирани две истражувања: „Секојдневниот и емоционалниот живот на неправдата: дискриминација, здравје и релации“ од авторите Славчо Димитров и Ана Блажева; и „Извештај од мониторингот на примената на Законот за социјална заштита во делот на социјалните услуги во периодот јуни 2019 – јуни 2021“ од авторките Тона Карева, Христина Здравеска и Антигона Аљили.
Линк до настанот: https://us02web.zoom.us/j/82964887018
Ве молиме да го потврдите своето присуство на овој линк. Рок за пријавување најдоцна до 27 февруари 2022 година.
АГЕНДА
11.00 – 11.30 Отворање на конференцијата и воведен панел: Унапредување на политиките и практиките за спречување и заштита од дискриминација и пристап до социјална правда – Улогата на Мрежата за заштита од дискриминација
11.00 – 11.10 Кире Миловски, Програмски координатор, Фондација Отворено општество – Македонија
11.10 – 11.25 Елена Петровска, Програмска координаторка, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
11.25 – 11.30 Промоција на новата веб-страницата на Мрежата за заштита од дискриминација
11.30 – 12.15 Презентација на наоди и препораки од истражувањето „Секојдневниот и емоционалниот живот на неправдата: дискриминација, здравје и релации“
Автори: Ана Блажева и Славчо Димитров
12.15 – 12.30 Прашања и дискусија со авторите
Модераторка: Наташа Бошкова, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
12.30 – 12.35 Пауза
12.35 – 13.05 Презентација на наоди и препораки од истражувањето „Извештај од мониторингот на примената на Законот за социјална заштита во делот на социјалните услуги во периодот јуни 2019 – јуни 2021“
Христина Здравеска, правна советничка, Станица П.Е.Т Прилеп
Тона Карева, правна советничка, Хелсиншки Комитет за човекови права
Антигона Аљили, правна советничка, UNODC
Модераторка: Наташа Петковска, Хелсиншки комитет за човекови права, Мрежа за заштита од дискриминација
13.05 – 13.30 Прашања и дискусија
13.30 – 13.40 Завршни зборови и затворање на настанот
Настанот ќе го модерира: Маја Атанасова, Македонско здружение на млади правници, Мрежа за заштита од дискриминација
Говорници: