Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Ве покануваме на Регионална консултација со граѓански организации „Граѓанското општество и дијалогот на јавни политики за реформска агенда на ЕУ“, којa ќе се одржи на 13.12.2021 (понеделник), со почеток во 10 часот, во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“.

Регионалната консултација со граѓански организации ќе биде организирана онлајн, на веб-платформата ZOOM, на следниот ЛИНК.

Воведни обраќања ќе имаат – Г-дин Штефан ХУДОЛИН, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Г-ѓа Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА Извршна директорка, Фондација Отворено општество – Македонија

На панелот „Дијалог на јавни политики, реформи за пристапување во ЕУ на Западен Балкан и зајакнување на вклученоста на ГО“, каде главната тема ќе биде која поставеност на политичкиот дијалог во државите на Западен Балкан може да ги забрза реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, говорници ќе бидат

Овој панел треба да понуди одговор на неколку прашања:

Говорници: