Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Датум: 23 мај 2019
Време: 10:00
Локација: Хотел Холидеј Ин, (Сала Милениум 2)

Еразмус+, е највидлива и најпрепознатлива европска програма која директно го поддржува развојот на човечките потенцијали на европско ниво. Оваа програма од 2014 година овозможува рамноправно учество на Република Северна Македонија со државите-членки на ЕУ, како и соработка меѓу граѓаните од повеќе држави во областите на образованието, младите и спортот.

Пристапувањето во ЕУ не е и не треба да се сведе само на техничка работа по поглавјата од правото на ЕУ. Многу поважни се промената на општеството и развојот на човечките потенцијали. Еразмус+, како највидлива и најпрепознатлива европска програма, директно ги поддржува овие цели, преку инвестиции во човечки капитал, квалитетно образование и обука од сите видови и форми, како и преку нудење можности за активен и продуктивен стил на живот. Еразмус+ овозможува рамноправно учество на РСМ со државите-членки на ЕУ, како и соработка меѓу граѓаните од повеќе држави во областите на образованието, младите и спортот и е насочена кон европеизација на општеството и ширење на европските вредности.

Во рамки на проектот „Година на шансата – Низ иглени уши“, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, Евротинк – центар за европски стратегии, изработи анализа за тоа како Северна Македонија учествува во Еразмус +, и како ги користи потенцијалите од програмата.

На 23.05.2019 година (четврток) со почеток од 10 часот, во Хотел Холидеј Ин, (Сала Милениум 2) Скопје, ќе се одржи промоцијата на документот со наслов АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС ПЛУС: ПОТЕНЦИЈАЛИ И ОГРАНИЧУВАЊА, а на настанот ќе бидат претставени наоди од анализата:
Во првиот дел од анализата е направен осврт на рамката на јавни политики во која се спроведуваат проектите од децентрализираните акции на Еразмус+
Во вториот дел е сместена анализата на податоците од анкетниот прашалник, преку претставување на одговорите добиени за поединечните прашања од корисниците на Еразмус + проекти.
Говорници:
– Лидија ДИМОВА, Директорка на Национална агенција за европска образовни програми и мобилност
– Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА, Извршна Директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија
– Софи БОМОН, Раководителка на програмата за образование и род, Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија
– Александар КОЛЕКЕСКИ – Автор, Евротинк

Агенда:10:00 – 10:30 – Регистрација

10:30 – 12:00 – Панел дискусија: Научени лекции од досегашното учество во Еразмус плус

Воведно обраќање:
– Лидија ДИМОВА, Директорка на Национална агенција за европска образовни програми и мобилност
– Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА, Извршна Директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија
– Софи БОМОН, Раководителка на програмата за образование и род, Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија

Презентација на клучни наоди:
– Александар КОЛЕКЕСКИ –Автор, ЕвротинкДискусија