Независниот академски синдикат (НАкС) ќе одржи прес-конференција во Културниот центар „Кино култура“ (ул. Луј Пастер, бр. 3, Скопје), на 30.10.2019 год. (среда) во 11.00 часот.
На прес-конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето поврзано со структурата на вработените во јавните универзитети и научни установи, од кои јасно се гледаат последиците на долгогодишната несоодветна кадровска политика во овие сектори, особено во однос на наставно-научниот подмладок.
Истражувањето е реализираново рамките на проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ“. Проектот е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
На прес-конференцијата резултатите на истражувањето ќе ги презентираат проф. д-р Мимоза Ристова и проф. м-р Маја Стевановиќ. Прес-конференцијата ќе ја води проф. Маја Стевановиќ, претседателка на НАкС.