Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Здружението за анализи и истражувања ЗМАИ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија спроведе истражување за анализа за инвестициските потреби за инфраструктура и технологија во 48 основни училишта во 10 општини во РСМ. Како краен производ од истражувањето ЗМАИ подготви публикација Методологија за прераспределба на општинските буџети за основните училишта”.

Промоцијата на оваа публикација ќе се одржи на 6 ноември, 2020 година (Петок), со почеток во 12:30 часот  на платформата ZOOM.

Публикацијата опфаќа сознанија кои овозможија создавање на сеопфатен приказ на актуелната состојба во 48 училишта од 10 општини од аспект на состојбите со инфраструктурата, техничко технолошката опременост и нагледните наставни средства. Истовремено, содржи детална анализа на приоритетните проекти во училиштата, како и потребите за нивно финансирање. Анализата е заокружена со утврдување на актуелните состојби со финансирањето на основното образование од страна на централната и на локалната власт и вклучува препораки за поефективна дистрибуција на општинските средства.