Учеството не е ништо помалку од дизајнирање на општествениот живот
Креирањето, планирање, организацијата и имплементацијата на кампањи е особено важен дел од работата на граѓанските организации. Користејќи ги вистинските комуникациски алатки тие ќе можат успешно да пренесуваат важни пораки до целните групи, да отвораат важни прашања и да ја ангажираат и мобилизираат заедницата.
На тродневната обуката учесниците од повеќе граѓански организации од Македонија ќе имаат можност да се запознаат со поимот Кампања, што значи кампања од гледна точка на здружение на граѓани и да се запознаат со моделот на планирање кампања во 11 чекори. Обуката, покрај теоретски дел, вклучува и вежби и работа на случај кои ќе им помогнат на учесниците во понатамошната работа.
Обуката е организирана од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамките на концептот за граѓанско учество за општествена кохезија.