Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Мрежата за заштита од дискриминација со задоволство ве поканува на Националната конференција за недискриминација „СИТЕ СЕГА! Одговорноста на институциите за обединување против дискриминацијата“.

Целта на конференцијата е да отвори дискусија со сите засегнати страни за потребата од итно и неодложно унапредување на системот за спречување и заштита од дискриминација преку интервенции во законската и институционалната рамка, како и преку преземање на одлучни чекори, континуирана и координирана работа на сите институции во повеќе области кон унапредување на човековите права за сите, гарантирање на еднаквоста и промена на штетните практики кои генерираат нееднаквост и социјално искулчување на маргинализираните групи. Години наназад граѓанското општество апелира и бара сериозна посветеност и инвестирање во заштитата и превенцијата од дискриминација од страна на надлежните институции. Со укинувањето на Законот за спречување и заштита од диркиминација во мај 2020 година и неизбирањето на новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бележиме уназадување.

На конференцијата организираме три панел дискусии, посветени на: Законот за спречување и заштита од дискриминација, дискриминацијата кон Ромите во пристапот до вода и потребата од унапредување на институцијата Народен правобранител како предуслов за ефикасна заштита и промоција на човековите права и недискриминација. На секоја панел-дискусија поканети се претставници од здруженијата на граѓани, претставници од извршната и законодавната власт, бидејќи сметаме дека е неопходна меѓусебна координација и посветена здружена акција за унапредување на состојбите со еднаквоста на граѓаните.

За да присуствувате на конференцијата задолжително е да се регистрирате на: https://bit.ly/33emHZ6

Побрзајте! Поради големиот број на заинтересирани за настанот, уште само неколку места остануваат слободни.

*Националната конференција во физичкиот простор ќе се организира во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на КОВИД-19 вирусот, односно почитување на мерките за задолжителна дистанца од 2 метри, задолжително носење на маска при влез и во текот на целиот настан и честа дезинфекција на рацете.

Ве молиме за строго почитување на важечките мерки и грижата за јавното здравје како би ги намалиле штетите од ширењето на Ковид-19 вирусот и би обезбедиле безбедно присуство на сите.

Конференцијата е дел од пректот на Коалицијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација: „Унапредување на еднаквоста преку следење и зајакнување на системот за спречување и заштита од дискриминација“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

АГЕНДА
Национална конференција за недискриминација

09:30 – 09:45
Регистрација

09:45 – 10:15
Воведни обраќања и отворање на конференцијата

Говорнички:

Фани Каранфилова Пановска, Извршна директорка, Фондација Отворено општество – Македонија
Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика
Ирена Цветковиќ, Извршна директорка, Коалиција Маргини

Модераторка:
Елена Петровска, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација

10:15 – 10:45
Прв панел:
Законот за спречување и заштита од дискриминација – основа за унапредувањето на законската рамка и реформирањето на системот за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација

Говорнички:
Маја Морачанин, Пратеничка на Собранието на РСМ
„Значењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во унапредувањето на правата на маргинализираните заедници“

Рашела Мизрахи, Пратеничка на Собранието на РСМ
„Јас не сум твојот стереотип“

Снежана Калеска- Ванчева, Пратеничка на Собранието на РСМ
„Улогата на Собранието во унапредувањето на заштитата од дискриминацијата“

Ѓултен Мустафова, Национално координативно тело за спречување и заштита од дискриминација, Министертсво за труд и социјална политика
„Обврските на органите на државната управа за спроведување и почитување на Законот за спречување и заштита од дискриминација“

Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
„Потребата од транспарентен и инклузивен процес за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како предуслов за стручна и независна институција“

Модераторка:
Јована Јовановска Кануркова, Хелсиншки Комитет за човекови права, Мрежа за заштита од дискриминација

10:45 – 11:00
Дискусија

11:00 – 11:30
Втор панел:
Пристапот до вода како прашање на расната дискриминација во контекстот на Ковид-19 кризата

Говорници/чки:
Јасна Оровчанец Арангеловиќ, Македонско здружение на млади правници
„Практиките на дискриминацијата во пристапот до вода и потребата од промена на правната рамка со цел унапредување на пристапот до вода за сите граѓани“

Љатифа Шиковска, Пратеничка на Собранието на РСМ
„Состојбите со дискриминацијата на Ромите во пристапот до вода и улогата на Собранието во унапредувањето на состојбите“

Елмаз Малиќи, Помошник раководител на Сектор за развој на локалната самоуправа и член на Националното координативно тело за имплементација на Стратегијата за Роми – Министерство за локална самоуправа
„Улогата на Министерството за локална самоуправа и општините во обезбедување на локални услуги во доменот на водоснабдувањето“

Модератор:
Џенгис Бериша, Станица П.Е.Т., Мрежа за заштита од дискриминација

11:30 – 11:45
Дискусија

11:45 – 12:15
Кафе-пауза

12:15 – 13:00
Трет панел:
Потребите од зајакнување и реформирање на институцијата Народен правобранител со цел унапредување на човековите права и заштитата од дискриминација на маргинализираните групи

Говорници/чки:
Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Северна Македонија (непотврдено)
„Осврт кон клучните предизвици од работата на Народниот правобранител и потребите од зајакнување на улогата на институцијата“

Халил Снопче, Пратеник, Претстедател на Постојана анкетна комисија за човекови права (непотврдено)
„Улогата на Собранието на РСМ во унапредување на работата на Народниот правобранител“

Тања Кикерекова, Министерство за правда
„Зајакнување на улогата на Народниот правобранител преку унапредување на законската и институционалната рамка“

Сања Јовановиќ Панева и Стојан Мишев, Мрежа за заштита од дискриминација
„Презентација на Извештајот од набљудувањето на работата на Народниот правобранител со фокус на спречувањето и заштитата од дискриминација (2010 – 2019)“

Модераторка:
Наташа Бошкова, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација

13:00 – 13:15
Дискусија

13:15 – 13:30
Затворање на конференцијата:
Елена Петровска, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација

13:30 – 15:00
Коктел