На 23 мај 2022 година (понеделник), со почеток во 11.30 часот, ќе се одржи конференцијата „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни групи“, во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“ кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.
Конференцијата ќе биде организирана онлајн, на веб-платформата ZOOM, на следниот ЛИНК.
На настанот ќе бидат промовирани податоците од трите циклуса на анкетни истражувања кои беа спроведени во 2020, 2021 и 2022 година. Ќе се направи анализа и ќе се утврдат одредени трендови на клучните наоди од националното истражување со граѓани и од истражувањето со граѓанските организации.
Наодите откриваат колку граѓаните можат да влијаат врз одлуките што се носат во општините и државата; Дали граѓаните се задоволни од своето место на живеење?; Дали процесот на пристапни преговори со ЕУ ќе го подобри животот во нашата земја?; Колку на граѓаните им значи членството на Република Северна Македонија во ЕУ?; Дали граѓанските организации имаат можност да учествуваат во процесот на ЕУ интеграција?; Колкав процент од граѓанските организации слушнале и учествувале во работата на секторските работни групи?.
Воведно обраќање ќе има Сандра Анастасовска од Фондацијата Отворено општество – Македонија, додека наодите од анкетните истражувања ќе ги презентираат Тања Иванова и Блажен Малески од Реактор – Истражување во акција.
Свој осврт на темата „Каков социјален дијалог ни е потребен на патот кон ЕУ“ ќе дадат: Бојан Маричиќ, заменик претседател на Владата за европски прашања, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Ирена Иванова, таск менаџер за граѓанско општество во Делегацијата на Европската Унија и Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникации, и ќе дискутираат за анкетните податоци, ефектите од работата на секторските работни групи и вклученоста на граѓанското општество во пристапувањето кон ЕУ. Модератор на настанот ќе биде Нада Наумовска, постара програмска координаторка, Фондација Отворено општество – Македонија.
На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на англиски јазик. Отворен е за граѓани, граѓански организации и медиуми.
Говорници: