Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Независниот академски синдикат (НАкС) Ве пoканува да присуствувате на јавната презентација на документот за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“, што ќе се одржи во четврток, 18. ноември 2021 год. со почеток од 11.00 часот во Хотел „Карпош“ (ул. Шекспитова бр.2, Скопје).

Документот за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“ е изработен во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование““ од експертскиот тим на Независниот академски синдикат (НАкС). Документот за јавни политики ќе го презентираат авторите проф. д-р Зоран Велковски, проф. д-р Неда Здравева, проф. д-р Мира Беќар и Борјан Ефтимов. По претставувањето на документот ќе биде организирана дискусија за презентираните наоди и препораки.

АГЕНДА

Датум: 18.11.2021 год. (четврток)

Час: од 11.00 до 12.30 часот

Место: Хотел „Карпош“ – Сала: Затворена тераса (ул. Шекспирова, бр.2, Скопје)

 

МОДЕРАТОР: проф. д-р Неда Здравева

11.00 – Поздравна реч – проф. д-р Елена Џукеска, претседателка на Независниот академски синдикат (НАкС)

11.05 –Воведен збор – проф. д-р Неда Здравева

11.15 – Пауза

11.20 – Презентирање на документот за јавни политики – проф. д-р Зоран Велковски, проф. д-р Неда Здравева,
проф. д-р Мира Беќар и Борјан Ефтимов

11.55 – Пауза

12.00 – Дискусија

12.20 – Завршен збор

Согласно важечките протоколи препорачани од Министерството за здравство за одржување јавни настани во услови на пандемија при влез во објектот посетителите ќе треба да покажат сертификат за целосна вакцинација или потврда за прележан ковид-19  во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето.

Документите за јавни политики креирани во рамките на проектот „Квалитетот на наставата во високото образование“
ќе бидат јавно достапни на официјалната интернет страница на НАкС – www.naks.org.mk. – https://naks.org.mk/proekti/

 

Говорници: