Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Датум: 15 ноември (вторник)

Место и формат: Zoom платформа – линк за регистрација:

https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_eyE2nLi6RRCv8bNtjr_aXA

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството, на 15 ноември 2022 година со почеток од 10 часот ќе организира промоција на Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022).

Периодот планиран за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор започна во 2017 година, а завршува во 2022 година. Блупринт – групата редовно го следеше спроведувањето Стратегијата во изминатите години и годинава, како и активно подготвуваше анализи, извештаи и останати документи со кои и ги презентираше наодите од мониторингот на јавноста и ги приближи граѓаните поблиску до процесот на реформа на правосудниот сектор. Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата има за цел да даде сеопфатна и независна оценка на овој процес и да понуди препораки врз основа на наодите, кои би можеле да се вметнат во следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

На овој настан накусо ќе бидат презентирани наодите од Анализата и препораките кои произлегоа од неа, а поширока тематска дискусија ќе се развие на завршната конференција на проектот на Блупринт – групата насловен „За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството“, која ќе се одржи во декември оваа година.

Преземете ја агендата.

Говорници: