Локација: Хотел Солун, Скопје
Почеток: 12.00 часот
На настанот ќе се разговара за напредокот на земјата во исполнувањето на политичките и економските критериуми на Европската Унија, како и поглавјата за владеењето на правото (Поглавје 23 и 24). Воедно, панелистите ќе се обидат да дадат одговори на следниве прашања: Дали институциите на Северна Македонија успеаја да се ослободат од политичките влијанија? Оптимисти или песимисти – кои се очекувањата на македонските граѓани во поглед на евроинтеграцискиот процес? Кои се клучните предизвици за да се обезбеди функционална пазарна економија? До каде сме со реформите во правосудството и безбедносните служби – успешно завршена домашна задача или адут во рацете на противниците на проширувањето?
11:45 – 12:00 Регистрација и изјави за медиуми
12:00 – 12:15 Воведни обраќања
Политички критериуми и очекувањата на граѓаните
Г-н Љупчо Петковски, Извршен директор, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии
Г-а Весна Гарванлиева Андонова, Постар истражувач, Центар за економски анализи ЦЕА
Г-а Данче Даниловска-Бајдевска, Постара програмска координаторка, Фондација Отворено општество – Македонија
Г-а Магдалена Лембовска, Истражувач, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии
13:00 – 13:30 Модерирана дискусија
13:30 Ручек