На 7 мај 2021, со почеток во 11:00 часот на платформата ZOOM, Аналитика тинк тенк ќе ги презентира наодите од „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“.
Анализата е изработена во рамки на проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Истражувањето имаше за цел да го процени обемот на неформалната економија и бројот на лица ангажирани во неформалниот сектор, да го утврди ефектот/последиците од КОВИД-19 пандемијата врз неформалните работници, да ги мапира и оцени ефектите од мерките преземени од централната и локалната власт и да креира основа за подобрување на постоечките мерки/политики и создавање рамка за поголема отпорност кај оваа категорија граѓани на последици од слични кризи во иднина.
Настанот има за цел да отвори процес на дијалог помеѓу сите релевантни засегнати страни, но пред сѐ интегрирање на властите на локално со централно ниво во функција на амортизирање на негативните ефекти предизвикани од Кoвид-19 пандемијата, преку систематски пристап при креирањето на мерките за справување со Ковид-19, подобрување на постоечките мерки/политики и создавање рамка за поголема отпорност кај оваа категорија на граѓани на последици од слични кризи во иднина.
Работен јазик на настанот е македонски.