Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Погледнете ги податоците за сторена дискриминација во најновиот тримесечен Информатор на Мрежа за заштита од дискриминација за периодот јули-септември 2022 година.

Нееднаквиот третман кон определено лице или група на лица поради нивните лични карактеристики претставува дискриминација. Основите, видот и областите во кои дискриминацијата се забранува најдетално се опфатени со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Прифаќањето на различностите и заштитата од дискриминација се многу важни за напредокот на секое општество. Од овие причини, Мрежата за заштита од дискриминација ги набљудува случаите на дискриминација, активностите на државата и останатите здруженија на граѓани во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација. Информаторот ги прикажува податоците од набљудувањето во текот на едно тримесечје.

Информаторот е изработен во рамките на Проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

23 ноември 2022