Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
И лицата со попреченост се граѓани и даночни обврзници на Република Северна Македонија, но кога доаѓа до пристап за добивање услуги во јавните институции, повеќето од нив, немаат овозможено пристап за лица со посебни потреби.
Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 немаат овозможено пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, додека пак 64 јавни институции немаат овозможено пристап до вториот кат за лица што се движат со помош на инвалидска количка.
За оваа цел, групата активисти од Тетово, барем за еден ден им овозможија пристап до јавни институции во Тетово, преку “волшебниот тепих“, бидејќи градењето на инклузивно општество е обврска на секој граѓанин.
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори.
Акцијата “Волшебен тепих за физички пристап до институциите во Тетово“ е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

30 декември 2020