Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
Слабото обележување на пешачките премини во училишните зони и паркирањето на тротоар или пешачки премини го попречува движењето на децата и ги насочува децата да се движат кон улицата и коловозот. На тој начин всушност директно се загрозува безбедноста на децата во сообраќајот.
Исто така, неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното преминување на улица го прави крајно опасно. Затоа, неформалната активистичка група “Тивка револуција” спроведе уште една акција, посветена на прашањето- како да се регулира сообраќајот пред училиштата?
Денеска учениците од основните училишта во Тетово, во соработка со “сообраќајната полиција“ учеа да минуваат низ пешачките зони кои се во радиусот на нивното училиште. Импровизираните полицајци, со пораката “Јас сум полицаецот кој се грижи за безбедноста на децата на патот“ се поставени пред сите основни училишта во Тетово.
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори. Акцијата “Собраќајна полиција“ пред секое основно училиште во Тетово е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

—————————————————

24 ноември 2020