Како резултат на залагањата на Фондација Отворено општество – Македонија и поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика, Северна Македонија е првата земја од Западен Балкан која ја вклучи приоритетната област Пристап до правда во четвртиот Национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2018‒2020 преку две заложби за еднаков пристап до правда.
Вклучувањето на Пристап до правда, освен за сите граѓани е од особена важност за маргинализираните заедници.
Погледенете ја видео сторијата на Open Government Partnership за тоа како правното зајакнување и пристапот до правда на Станица ПЕТ (членка на неформалната Мрежа за правно зајакнување) овозможи системски да се адресира еден долгогодишен проблем на граѓаните од ромската заедница во Прилеп
—————————————————
6 април 2022