Промотивниот настан за документот АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС ПЛУС: ПОТЕНЦИЈАЛИ И ОГРАНИЧУВАЊА, се одржа денес (23 мај 2019г. ) во Хотел Холидеј Ин, (Сала Милениум 2) Скопје.
На настанот беа претставени наоди од анализата во која се прави осврт на рамката на јавни политики во која се спроведуваат проектите од децентрализираните акции на Еразмус+. Во истиот документ изготвена е анализата на податоците од анкетен прашалник, преку претставување на одговорите добиени за поединечните прашања од корисниците на Еразмус+ проекти.
Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА укажа на потреба да се постави и обезбеди јасна врска меѓу јавните политики на национално и на европско ниво во контекст на спроведување на Еразмус+, нешто што Стратегијата за образование 2018-2025 не успеа да го постигне. Даде и конкретни препораки до носителите на јавни политики.
Софи БОМОН даде осврт на актуелните состојби со програмата Еразмус+ на европско ниво, тековните предизвици и потребата за поголем ефект на резултатите кои се остваруваат со програмата, во смисла на подобри постигнуваања од тестирањата на ПИСА, како и вклучување на помалку афирмирани учесници и оние кои имаат помали можности за учество.
Александар КОЛЕКЕСКИ го презентираше методолошкиот приод, рамката на јавните политики, организациските капацитети на НАЕОПМ, како и ставовите на корисниците на проекти од децентрализираните акции на Еразмус +. Даде и препораки до носителите на јавните политики и Владата во однос на неопходните мерки кои треба да се преземат за зголемување на ефективноста при користењето на програмата Еразмус +
Дискусија ја модерираше Марјан СТЕПАНОВСКИ од Евротинк.
—————————————————
12 јуни 2019