Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Уметничката акција „Седете дома” изработена од група уметници, активисти, е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. За претстава на оваа интервенција тие ги избраа папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација.

Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание”) уметниците сакаат да ги охрабрат граѓаните да издржат во оваа, за сите нас многу важна битка, но и да покажат дека уметноста и културата и во овие тешки моменти е тука за поддршка на граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција е посветена на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре, за сите нас.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.

Акцијата „Седете дома” е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

#БидиОдговорен #ЗаштитиСе #СедиДома

—————————————————

15 април 2020