Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Основата на концептот на правно зајакнување е дека луѓето можат самостојно да го користат правото за да најдат конкретни решенија за своите правни проблеми, како и да бараат отчетност од властите за сите преземени дејствија што ги засегаат. На граѓаните треба да им се овозможи пристап до правен совет за конкретни ситуации во кои се прекршени нивните права – работниот однос, здравствена заштита, социјална парична помош, семејна пензија и сл.

За таа цел во рамките на кампањата за правно зајакнување, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја промовираше новата веб-страница www.pravnozajakni.mk каде може да се најдат многу корисни информации околу тоа со кои права располага секој граѓанин на Македонија и кои чекори треба да ги преземе доколку се тие прекршени. Покрај овие информации, достапни се и контакти од граѓански организации чија задача е на граѓаните да им помогнат во правната битка, односно да им обезбедат бесплатна правна помош, параправна помош, стратешко застапување и др., контакти кои се од огромно значење за граѓаните, а кои претходно можеби немале каде да ги добијат.

Пристапот до правда за граѓаните не е секогаш нужно поврзан со долготрајни и скапи судски процедури. Општоприфатен став на јавноста е дека до правдата може да стигнат само граѓаните што се финансиски моќни да го издржат тој долготраен процес, што од почеток ги демотивира припадниците на различни маргинализирани групи како и мнозинството граѓани да побараат правна помош во ситуации кога се прекршени нивните права иако на располагање имаат бројни механизми. Токму затоа ФООМ со години, преку своите програми, работи на правно зајакнување на граѓаните и градење на капацитетите на граѓанското општество со цел да го засили потенцијалот на граѓаните да ги остварат своите права.

Граѓаните засега ја препознаваат само бесплатната правна помош како единствен облик за пристап до правда, но преку оваа веб-страница, тие ќе можат да се запознаат и со останатите облици за пристап до правда со што ќе се стекнат со доволно знаење за да можат самите да се обратат на вистинското место кога ќе се соочат со правен проблем.

Правното зајакнување опфаќа повеќе активности – правна писменост и помош, медијација, организирање на заедницата, водење судски постапки и други форми на застапување на граѓаните, а иницијативата за правно зајакнување генерално е насочена кон тоа да овозможи широка достапност на правни услуги на национално и локално ниво, но и да обезбеди нивна финансиска одржливост. Во оваа насока, ФООМ се залага на унапредување на системските реформи кои се во интерес на ранливите групи граѓани и за креирање институционална рамка за правно зајакнување на сите граѓани. Со ова ќе се обезбедат различни начини за пристап до правда за граѓаните, вклучително и за најмаргинализираните групи во општеството на локално и на национално ниво.

Веб страница: https://www.pravnozajakni.mk/

 

ТВ спотови:

https://www.youtube.com/watch?v=-IF3WaG-hhs

https://www.youtube.com/watch?v=Uk-H9Yke9_I

 

https://www.youtube.com/watch?v=CuZbv_9AY68

https://www.youtube.com/watch?v=Da3rYEEZa7M

https://www.youtube.com/watch?v=TsBVNfXJrmY

https://www.youtube.com/watch?v=Hc5mR50X93E

 

Кампањата на социјални мрежи:

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155331846295800/?type=3&theater

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155335738105800/?type=3&theater

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155335925560800/?type=3&theater

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155335995040800/?type=3&theater

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155336058705800/?type=3&theater

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155336081165800/?type=3&theater

https://www.facebook.com/FOSMacedonia/photos/a.228344010799/10155336228315800/?type=3&theater

—————————————————

18 април 2019