Зелената рамка на ЕУ ја фокусира борбата против климатските промени, гарантира одржливи политики, а обезбедува и двојна, дигитална и зелена трансформација, која се потпира на владеењето на правото.
На 11 декември 2019 година, Европската Комисија го претстави Европскиот Зелен договор. Стратегијата се стреми да ја трансформира Европската Унија кон модерна, конкурентна економија која ефикасно ги користи ресурсите, а притоа во 2050 година има постигнато нула-нето емисии на стакленички гасови, односно економскиот раст е одделен од користењето на ресурсите. Во таквата Унија, ниту едно лице и ниту една држава нема да бидат заборавени или изоставени. Како резултат од Самитот во Загреб, ЕУ ја прошири оваа Зелена Рамка и за Западниот Балкан заедно со амбициозен Економски и инвестициски план (ЕИП), што дополнително ја унапредува Зелената агенда за Западен Балкан и ја става во движење. Економскиот и инвестициски план обезбедува значителен инвестициски пакет кој мобилизира 30 милијарди за целиот регион.
„Мапата на Зелената рамка“ е претставена преку инфографик кој ги идентификува клучните елементи на „Зелената рамка“ и нуди основни информации за истите.
Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЕУ опсерваторија – поглавје 27“, имплементиран од Преспа институт Скопје а финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целиот извештај за „Двојната трансформација на РСМ“ .
—————————————————
25 мај 2022