Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Во изминатиот период Центарот за современи уметности Скопје во соработка со Извидничкиот одред Армонија од Виница и локалниот Младински велосипедски клуб од Виница заеднички работеа на уредување и рехабилитацијата на просторот на и околу спомен обележјето на загинатите партизани во месноста Вршидол, во близина на Виница.


Преку оваа локална иницијатива се уреди пристапот и просторот околу партизанскиот споменик кој досега беше заборавен од надлежните – изработени се и поставени клупи за одмор, комплетно е уредена и обновена околината на споменикот, расчистени се пристапните патеки и поставени се патоказни табли. Самиот споменик односно споменичната целина е освежена и направена достапна за јавноста.

Споменикот е подигнат во чест на паднатите борци за слобода: Ванчо ПркеВанчо Китанов, Александар Митрев и Tодор Дончов Арсов, кои како истакнати партизани кои ја организирале и предводеле антифашистичката борба во овој дел на Македонија. Загинале во воените дејствија во непосредна близина каде што се наоѓа споменикот по дојава на 21 мај 1943.

Проектот е спроведен од страна на Центар за современи уметности Скопје со финансиска поддршка од Фондација отворено општество – Македонија.

—————————————————

7 јули 2021