Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ И МЕДИУМИ
Седиштето на Фондациите Отворено општество во Њујорк ги отфрли како целосно лажни наводите дека фондациите основани од Џорџ Сорос добиваат финансиски средства од УСАИД.
Официјално соопштение од Фондациите Отворено општество:

Лажни тврдења за Фондациите Отворено општество, Џорџ Сорос и УСАИД
Февруари 2025

Соопштение за јавност од Фондациите Отворено општество

Тврдењата дека Фондациите Отворено општество, основани од Џорџ Сорос, добиваат средства од УСАИД или управуваат со финансирањето на американската владина агенција вредна повеќе милијарди долари, се целосно неточни. Овие лажни тврдења се дел од поширок обид за поткопување на меѓународната развојна работа и за дискредитација на независното финансирање на граѓанските организации ширум светот.
Фондациите Отворено општество се приватна фондација што сама ги одредува своите приоритети, самостојно одлучува за финансирање и користи сопствени парични средства. Ние соработуваме со голем број на донатори чии приоритетите се во согласност со нашите, вклучувајќи други филантропски организации, влади и мултилатерални развојни агенции.
Фондациите Отворено општество гордо стојат како сојузници на заедниците ширум светот во нивната борба за права и правда. Ние сме транспарентни во однос на нашите вредности и на нашата работа.

—————————————————

13 февруари 2025