Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Тетово изгледа како да нема решение за отпадот. Насекаде низ градот може да се забележат фрлени отпадоци, а постојат места како црни точки што се создадени од несовесните навики и постапки на граѓаните. Една од овие црни точки е и просторот предвиден за голем контејнер пред православните гробишта каде што луѓе од други делови на градот, но и од селата, оставаат смет, па дури и мебел, апарати и градежен шут. Црни точки се и Саат Маало, Колтук, Горна Чаршија, Студентска Населба, Ајдучко Маало, стариот градски стадион, недоградената спортска сала кај спортскиот центар, и коритото на реката Пена.

Здружението Мултикултура – Тетово постави мапа со подземни контејнери која ги прикажува локациите каде што треба да се поставени овие контејнери во Тетово, а со цел да се промовира користењето на подземните контејнери во иднина но и да им укаже на локалните власти на потребата од долгорочно решение за промена на практиките и навиките за управување со отпадот во Општина Тетово.

Како дел од акцијата граѓаните на Тетово добија и летоци со мапата, со повик секој да придонесе за почисто маало, почист град и почиста иднина.На акцијата се приклучи и познатиот бренд на кафе M House, најфреквентното место за граѓаните на Тетово.

Акцијата “Тетовска мапа со подземни контејнери” е спроведена со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

 

 

—————————————————

20 јули 2021