Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Штип беше еден од најпогодените градови со една од најголемите бројки на заразени од вирусот Ковид 19. Во исчекување на нов бран на заболени, Штип арт активистите спроведоа уште една акција со акцент на одговорноста, односно, неодговорноста и (не)постапувањата на институциите кои изминатиот период си ја префрлаа “топката на одговорност“. Поради тоа, конфузијата помеѓу граѓаните беше очигледна,  но се случуваа и злоупотреби од поединци.

Инсталацијата “Топка на одговорност“ поставена на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип го поставува прашањето „Чија е топката и кој е крив ???“. Со оваа акција, активистите им посочуваат на граѓаните и тие да го постават прашањето за одговорност, најпрво почнувајќи од себе, а потоа прашувајќи ги и работодавачите, институциите, локалните власти, превозниците.

Акцијата вклучува и втора инсталација во коритото на реката Отиња, повикувајќи ги граѓаните да почнат да прават поголем притисок за почитување на мерките и препораките со цел да се анимираат поголем број на граѓани, институции и работодавачи за подигање на свеста за придржување до мерките и препораките, построго делување на инспекторатите и институциите за време на очекуваниот втор бран со Ковид-19.

—————————————————

23 септември 2020