Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram
  1. Објавa број: RP/FOSM/FT/2254
  2. Финансирање: Фондации Отворено општество – Западен Балкан (Фондација Огтворено општество – Македонија, Проект „Сончеви училишта“)
  3. Нарачател: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)
  4. Корисници на опремата: шест (6) училишта од Република Северна Македонија
  5. ФООМ го задржува правото на определување на крајниот бројот на училишта каде ќе се реализира проектот и на капацитетот на предложената опрема

 

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

  1. Опис на набавката:

Предмет на набавката е изработка на проектна документација и изведба на фотоволтаични соларни централи во: ООУ „Елпида Караманди “, Битола; ООУ „Стив Наумов“ Битола; ООУ „Александар Турунџев “, с. Кукуречани, Битола; ООУ „Коле Камински“, Битола; ООУ „Св. Кирил и Методиј “, Битола; ООУ „Крсте Петков Мисирков “, с. Бистрица, Битола.

  1. Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

Целина 1: Фотоволтаични соларни централи во: ООУ „Елпида Караманди “, Битола; ООУ „Стив Наумов“ Битола; ООУ „Александар Турунџев “, с. Кукуречани, Битола; ООУ „Коле Камински“, Битола ; ООУ „Св. Кирил и Методиј “, Битола; ООУ „Крсте Петков Мисирков “, с. Бистрица, Битола.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Подобност и правила на потекло

Понудувачи можат да бидат градежни фирми од Република Северна Македонија (во понатамошниот текст РСМ) и од странство кои целосно, квалитетно и навремено ги имаат исполнето евентуалните поранешни обврски кон Фондациите Отворено општество – Западен Балкан и Фондацијата Отворено општество – Македонија и поседуваат најмалку Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.

Основа за исклучување

Понудувачите мора да обезбедат изјава дека не се во ситуација наведена во Точка 8. Одвоена изјава не е потребна, туку се пополнува во самиот Образец за понуда, во делот Изјава согласно барањата на тендерот.

Број на понуди

Еден понудувач (носител) може да даде само една понуда. Таа мора да е целосна, предмет на еден договор и спецификацијата дадена во неа е неделива. Понудувачот е должен да ги понуди сите ставки. Во ниеден случај некомплетни понуди нема да бидат разгледувани.

Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција)

Понудувачите НЕ ТРЕБА да достават Банкарска гаранција за обезбедување на понудата (Тендерска гаранција).

 

Гаранции

На успешниот понудувач ќе му биде побарано да обезбеди Гаранција за добро извршување на работите во вредност од 10% од вредноста на договорот изразена во МКД. Истата (со текст како што е даден во примерот) мора да биде доставена најдоцна 10 дена откако понудувачот ќе го прими потпишаниот договор од страна на Нарачателот. Ако понудувачот НЕ го направи тоа во овој период тогаш договорот ќе биде поништен, а постапката ќе биде повторена со следниот најповолен понудувач. Оваа гаранција нема да се бара од оние понудувачи кои ќе бараат плаќање по целосно извршени работи и извршен технички прием.

Валидност на понудата

Понудите мора да останат валидни 150 дена по крајниот рок за поднесување на истите.

Краен рок на извршување

Максимален рок од 90 дена по потпишувањето на договорот.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ

Селекцијата на најдобрата понуда ќе биде напраена во согласност со политиките за набавка на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

 

Како да ја набавите комплетната документација

Комплетната документација ќе ја добиете на https://osfwb.org и https://fosm.mk

Сите прашања во врска со тендерот треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: adrijana.lavchiska@osfwb.org и hristina.vasilevska@osfwb.org (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 4 работни дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди даден во Точка 17. Фондација Отворено општество – Македонија ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 работни дена пред истиот рок.

 

Краен рок за поднесување на понудите

Заинтересираните понудувачи своите понуди (ЕДЕН ОРИГИНАЛ НА ХАРТИЈА) треба да ги достават во затворен и запечатен коверт со напомена „Понуда бр. RP/FOSM/FT/2254“, на рака или по курирска пошта на следнава адреса:

Фондација Отворено општество-Македонија, Булевар Климент Охридски Б/1-2, Скопје, п. Фах 378.

За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите: најдоцна до 20.08.2024 (вторник) до 15.00 часот.

Најдоцна до 05.08.2024 год., секој понудувач ќе треба да се регистрира дека има намера да нуди на тој начин што ќе испрати порака на adrijana.lavchiska@osfwb.org и hristina.vasilevska@osfwb.org.

На адресата од која ќе биде испратена пораката понудувачот ќе ги добива сите прашања и одговори кои во текот на процесот на подготовка на понудите ќе бидат поставени.

Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Тендерска документација.

Јавно отворање на понудите нема да има!

—————————————————

27 јули 2024