Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

„Гласен Текстилец“ изработи инфографик за периодот од 1 јули 2020 до 3 јуни 2021, преку кој е прикажана работата на институциите во време на Ковид-19. Погледнете го подолу:

Инфографикот е изработен како дел од активностите од проектот “Одговор на социо – економските ефекти од КОВИД – 19 преку поддршка на ранливите групи на ниско платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”. Воедно, во рамките проектот правниот тим на „Гласен Текстилец” даваше правна помош на работниците/чките од приватниот (текстилниот сектор), на кои им беа прекршени правата од работен однос за време на здравствено – економската криза предизвикана од Ковид – 19. Со правната помош во дадениот период беа опфатени 4 858 текстилни работници/чки. Најчесто, работниците/чките од приватниот сектор се соочија со исплата на под минимални плати, неисплаќање на плати. Голем дел од работодавачите ја злоупотребија државната помош за исплата на плати, како и не ги почитуваа мерките, Уредбите и Законот за работни односи.

—————————————————

9 јули 2021