Facebook Twitter Youtube Flickr Instagram

Здружението за рурален развој „Локална Акциона група АГРО ЛИДЕР е организација” која промовира и придонесува кон одржлив рурален развој на територијата на Општина Долнени, Кривогаштани и Крушево преку иницијативи, партнерства и користење на постоечкиот потенцијал.

„ЕУ скептицизам наспроти ЕУ оптимизам во руралните средини” е проект имплементиран од ЛАГ АГРО ЛИДЕР чија главна цел е подобрување на информираноста на граѓаните, но и подигање на јавната свест во руралните средини во насока на разбирање на потребните реформски процеси за судството и темелните права, преку едукација.

Руралните средини во Република Северна Македонија опфаќаат  90% од територијата на земјата во кои живее 42,2% од вкупното население на државата. Неинформираноста во руралните средини е поголема, а протокот на информации како и сите активности кои би придонеле кон подобра информираност во овие средини е помал. Ова е сериозен проблем кој оневозможува подобрено функционирање на руралните структури и вклученост на населението во донесување на важни одлуки како на локално така и на државно ниво.

Сѐ повеќе млади, особено од руралните средини, немаат доверба во ЕУ. Тие се соочуваат со потешкотии во разбирањето на нејзините принципи, вредности и функционирање. Демократскиот дефицит во процесите на ЕУ е детектиран како една од причините за зголемениот евроскептицизам меѓу младите. Затоа е особено важно е да се обезбеди еднаквост за младите во урбаните и руралните средини.

Според наодите, очигледна е потребата за едуцирање, вклучување и истражување на мислењето на населението од руралните средини за целокупниот процес на пристапување на РСМ во ЕУ. Сето тоа ќе придонесе кон подобро разбирање на целокупниот процес на промени кој Република Северна Македонија би требало што побрзо да го направи за да може да се приклучи кон Европската Унија.

„ЕУ скептицизам наспроти ЕУ оптимизам во руралните средини” преку планираните активности ќе се обиде да ја потикне, едуцира и прошири на свеста на граѓаните во руралните средини на Општина Крушево, Општина Долнени, Општина Кривогаштани и Општина Прилеп за целокупниот процес  на пристапување. Посебен акцент секако се поставува на реформските промени кои се потребни да се случат како и промените кои би следувале во тој процес за Република Северна Македонија да може да стане член на Европската Унија.

„ЕУ скептицизам наспроти ЕУ оптимизам во руралните средини” е еден од 15-те проекти на граѓански организации целосно поддржани од ФООМ за спроведување активности кои ќе придонесат за подобро разбирање на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

За повеќе информации за работа на „ЛАГ АГРО ЛИДЕР“ и како и за активностите од проектот, следете ги на нивната фејсбук страница.

—————————————————

13 јуни 2020