Економскиот и инвестициски план е пакет од инфраструктурни проекти со кои ќе се отпочне значаен инвестициски циклус и ќе се овозможат нови зрели предлози за проекти, особено во областите на дигитална, транспортна и енергетска транзиција и животна средина. За да го преземете документот и да го проучите текстот, следете го овој линк: https://bit.ly/3vl4g1g .
Овој инфографик ги содржи основните информации за Економско инвестицискиот план, а се поврзува со брифинг материјалот кој треба да помогне за подобро разбирање на политиката и финансиската рамка утврдена за поддршка на Зелената трансформација на Западниот Балкан и Северна Македонија.
Во брифинг материјалот се одговараат неколку клучни прашања за планот, а се идентификувани сите ударни иницијативи, поединечните проекти и рамките во кои се програмира помошта, односно од кои произлегуваат инвестициите кои треба да помогнат за двојната дигитална и зелена трансформација.
Дополнително, инфографикот нуди информација за ветеното национално учество од страна на Владата со што треба да се олесни следењето на проектната имплементација.
Инфографикот е изработен во рамки на проектот „ЕУ опсерваторија – поглавје 27“ од страна на Преспа институт Скопје, финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целосната публикација „Економски и инвестициски план за Западен Балкан“ .
—————————————————
25 мај 2022