поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

РОМСКА КОМЕМОРАТИВНА УНИВЕРЗИТЕТСКА ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ РОМИ

Ромскиот образовен фонд (РЕФ) го објавува годишниот конкурс на РМУСП Програмата за стипендирање за новата 2017/2018 академска година. РМУСП стипендиите базирани на академски достигнувања се наменети за студенти Роми на додипломски, последипломски и докторски студии на државни и акредитирани универзитети во: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
На конкурсот можат да се пријават кандидатите кои ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Отворено се декларираат како Роми;
2. Во моментот на пријавување се студенти или ќе бидат прифатени како студенти на додипломски, магистерски или докторски студии кои водат кон добивање диплома на државен и/или друг акредитиран универзитет во нивната матична земја или земја на живеење во текот на 2017–2018 академска година;
3. Се граѓани или имаат статус на постојани жители (постојан престој) на една од горенаведените земји;
4. Ќе ја комплетираат и ќе ја поднесат соодветната онлајн пријава (барање за стипендирање) до крајниот рок предвиден за пријавување на Програмата;
5. Се запишани исклучиво како редовни студенти на додипломски студии на еден од универзитетите акредитирани во Република Македонија;
6. Студентите запишани како вонредни студенти на магистерски или докторски студии, исто така, можат да аплицираат за РМУСП Програмата;
7. Студентите кои студираат по моделот на студии на далечина (distance learning) немаат право на пријавување и поддршка од Програмите за стипендирање на РЕФ;
8. РЕФ/РМУСП Програмата ги прифаќа само оние пријави за стипендирање кои овозможуваат последователни студии, односно здобивање со следен, повисок степен на образование, на пример, ако барателот е дипломиран магистер, предложеното ниво на студии во овој РЕФ/ РМУСП конкурс за стипендирање треба да се однесува на следното ниво на студирање, во овој случај за докторски студии / докторат. Кандидатите кои веќе ги комплетирале докторските студии, немаат право да се пријават за стипендија на магистерски или додипломски студии, додека кандидатите со комплетирани магистерски студии немаат право да се пријават  за стипендирање на втори магистерски или додипломски студии.
9. РЕФ/РМУСП Програмата прифаќа пријави за стипендирање само за студии кои ќе бидат комплетирани навреме, во рамки на вообичаеното време предвидено за студирање (на пример, не се прифаќаат пријави за стипендирање на 4-та година на студенти запишани на тригодишни додипломски студии заради пролонгирање на студиите); 
10. РЕФ/РМУСП Програмата не прифаќа пријави за стипендирање на периодот кој го дава универзитетот за подготовка на дипломската работа и/или завршната теза (кога не се бара задолжителна посета на студентите на предавања, колоквиуми, семинари, испити).
11. На овој конкурс не се прифаќаат пријавите за стипендирање од кандидатите кои биле корисници на РЕФ/РМУСП Програмата во претходните години и кои сакаат да ја обноват стипендијата повторно за истата таа академска година.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Еден кандидат може да биде поддржан од РЕФ во текот на неговите/нејзините студии, најмногу во траење од 8 (осум) години, односно да добие поддршка за:
• една факултетска диплома (додипломски студии) во траење од најмногу 4 (четири) години според интегрираниот модел на студирање или најмногу 3 (три) години според Болоњскиот систем;
• една диплома за мегистерски студии за најмногу 1 (една) година според интегрираниот модел на студирање или за најмногу  2 (две) години според Болоњскиот систем;
• една диплома за докторски студии за најмногу 3 (три) години и само во првите 3 (три) години на студирање.

Кандидатите се упатуваат внимателно да го прочитаат РМУСП водичот за пријавување достапен на македонски јазик на следнава веб-страница

НАЧИН И ФАЗИ  НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Процесот на пријавување и селекција се состои од две фази:
1. Прва фаза – Комплетирање и испраќање на онлајн пријава во електронскиот систем достапен на веб-страницата на РМУСП Програмата
Краен рок: 12 МАЈ 2017

2. Втора фаза – Верифицирање на запишувањето, односно поднесување на потврда за упис и потврда за висината на школарината (како и потврда дека се ослободени од школарина за тие што не плаќаат), согласно инструкциите дадени во водичот за пријавување.
Краен рок: Есен 2017 година

Подетални информации и објаснувања поврзани со конкурсот можете да добиете во Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) на бул. Јане Сандански бр. 111, Скопје.

Лице за контакт: Ајсел Амет
Телефон: 02/ 2477–107
е-mail: aamet@romaeducationfund.org

ПРОГРАМА ЗА МЕДИЦИНСКИ СТИПЕНДИИ ЗА РОМИ
Ромскиот образовен фонд (РЕФ) го објавува годишниот конкурс на RHSP Програмата за стипендирање за новата 2017/2018 академска година. RHSP стипендиите базирани на академски достигнувања се наменети за средношколци и студенти Роми (обновувачи) и кои учат или студираат во средни медицински училишта или на медицински универзитети во Република Македонија, со цел да се зголеми бројот на Роми со завршено медицинско образование кои ќе придонесат за унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите. Финансиските средства за програмата се обезбедени од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) и програмата за Ромско здравје на Фондацијата Отворено општество (ФОО) од Будимпешта. Програмата содржи 4 компоненти: стипендирање, менторство, застапување и медиуми. RHSP конкурсот е објавен во Бугарија, Македонија, Романија и Србија.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
На конкурсот можат да се пријават кандидатите кои ги исполнуваат следниве критериуми:
1. Отворено се декларираат како Роми;
2. Корисници се на RHSP стипендија (за академската 2016-2017 година) и се пријавуваат со цел да ја обноват нивната пријава за академската 2017/2018 година;
3. Ќе ја комплетираат и ќе ја поднесат соодветната онлајн пријава (барање за стипендирање) до крајниот рок предвиден за пријавување на Програмата;
4. Студентите кои студираат по моделот на студии на далечина (distance learning) немаат право на пријавување и поддршка од Програмите за стипендирање на РЕФ;
5. РЕФ/RHSP Програмата ги прифаќа само оние пријави за стипендирање кои овозможуваат последователни студии, односно здобивање со следен, повисок степен на образование, на пример, ако барателот е дипломиран магистер, предложеното ниво на студии во овој РЕФ/RHSP конкурс за стипендирање треба да се однесува на следното ниво на студирање, во овој случај за докторски студии / докторат. Кандидатите кои веќе ги комплетирале докторските студии, немаат право да се пријават за стипендија на магистерски или додипломски студии, додека кандидатите со комплетирани магистерски студии немаат право да се пријават за стипендирање на втори магистерски или додипломски студии. 
6. РЕФ/RHSP Програмата прифаќа пријави за стипендирање само за студии кои ќе бидат комплетирани навреме, во рамки на вообичаеното време предвидено за студирање (на пример, не се прифаќаат пријави за стипендирање на 4-та година на студенти запишани на тригодишни додипломски студии заради пролонгирање на студиите); 
7. РЕФ/RHSP Програмата не прифаќа пријави за стипендирање на периодот кој го дава универзитетот за подготовка на дипломската работа и/или завршната теза (кога не се бара задолжителна посета на студентите на предавања, колоквиуми, семинари, испити);
8. На овој конкурс не се прифаќаат пријавите за стипендирање од кандидатите кои биле корисници на РЕФ/RHSP Програмата во претходните години и кои сакаат да ја  обноват  стипендијата повторно за истата таа академска година.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Еден кандидат може да биде поддржан од РЕФ во текот на неговите/нејзините студии, најмногу во траење од 8 (осум) години, односно да добие поддршка за:
• една диплома за стекнато средно образование во траење од 4 (четири) години;
• една факултетска диплома (додипломски студии) во траење од најмногу 4 (четири) години според интегрираниот модел на студирање или најмногу 3 (три) години според Болоњскиот систем;
• една диплома за мегистерски студии за најмногу 1 (една) година според интегрираниот модел на студирање или за најмногу 2 (две) години според Болоњскиот систем;
• една диплома за докторски студии за најмногу 3 (три) години и само во првите 3 (три) години на студирање.

Кандидатите се упатуваат внимателно да го прочитаат RHSP водичот за пријавување достапен на македонски јазик на следнава веб-страница

НАЧИН И ФАЗИ  НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Процесот на пријавување и селекција се состои од две фази:

1. Прва фаза – Комплетирање и испраќање на онлајн пријава во електронскиот систем достапен на веб страницата
на RHSP Програмата.
Краен рок: 11 МАЈ 2017

2. Втора фаза – Верифицирање на запишувањето, односно поднесување на потврда за упис и потврда за висината  на школарината (како и потврда дека се ослободени од школарина за тие што не плаќаат ), согласно инструкциите дадени во водичот за пријавување.
Краен рок: Есен 2017 година

Подетални информации и објаснувања можете да добиете во Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) на бул. Јане Сандански бр. 111, Скопје.
Лице за контакт: Ајсел Амет
Телефон: 02/ 2477-107
е-mail: aamet@romaeducationfund.org

Клучни зборови

| конкурс