Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017
пронајди

УСАИД ГО ПОТТИКНУВА РАЗВОЈОТ НА ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП ЗА ЗАШТИТА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ

На 14-ти декември 2017 година, УСАИД преку својот Проект за граѓанско учество ја организираше својата втора панел дискусија за политики за заштита на квалитетот на воздухот во хотел Континентал, Скопје. Осумдесет претставници на граѓанските организации, владини институции на локално и централно ниво, академската заедница, меѓународни организации и медиумите учествуваа на настанот, при што ги искажаа своите перспективи за интегрираниот пристап за решавање на проблемот со загаденост на воздухот.

Едвард Гонзалез, директор на канцеларијата за развој на УСАИД, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје и Ана Дракиќ, директорка на Проект на УСАИД за граѓанско учество имаа воведни обраќања потенцирајќи ја важноста од транспарентност и учество на засегнатите страни во процесот за формулирање на политики. Претставниците од различни сектори – граѓански организации (Ана Чоловиќ – Лешоска, Еко-свест ГО), локални власти (Наташа Петровска, градоначалничка на општина Битола) и централните институции (Дарко Блинков,советник во Државниот инспекторат за животна средина) ги презентираа од своја перспектива идеите за подобрување на соработката со цел да се постигне подобра заштита на квалитетот на воздухот. 

Учесниците имаа можност да разговараат за предложените пристапи за решавање на проблемот со загадување на воздухот како заедничка цел, но и да создадат можност за заедничко дејствување во насока на развивање и спроведување на следни чекори за заштита на квалитетот на воздухот.

Во своето обраќање директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалез, кажа, „Јас верувам дека придонесите од сите засегнати страни ќе гарантираат успешно и стратешко решение за проблемот и заедничко чувство на одговорност кон постигнување на долгорочните резултати. Ние се надеваме дека овој настан ќе ја зајакне соработката меѓу јавните и непрофитните организации и граѓаните со цел да се зголеми ефективноста на мерките за заштита од загадување на воздухот“.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ) е петдогишен проект кој се стреми да го зајакне капацитетот на ГО и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење и да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. За повеќе информации ве молиме да нè посетите на https://www.facebook.com/CEPMacedonia.

ЗАБЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ:    Американскиот народ, преку УСАИД, од 1993 година во Македонија има инвестирано повеќе од 610 милиони долари. УСАИД  работи со луѓето од Македонија со цел да се создадат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се подобри интегрираното образование и да се подготват студентите за нивните работни места. Овие иницијативи во партнерство со луѓето од Македонија  имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на сите кои живеат во Македонија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји.

За повеќе информации ве молиме да  нè посетите на https://www.USAID.gov/Macedonia и фејсбук страната на УСАИД http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.

поврзани новости

нема поврзани новости