Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017
пронајди

ПРОМОЦИЈА НА ПРАВНАТА АНАЛИЗА: „СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ПЕРИОДOT 2013-2016“

Од едицијата „Реформите наспроти правата“

Во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 14 декември 2017 година, во хотелот Александар палас во Скопје, се одржа промоција на правната анализа „Спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во периодот 2013-2016”.

Оваа анализа, од една страна има за цел да го опфати прегледот на одлуките на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) кои се однесуваат на Македонија во еден единствен документ достапен до јавноста, а од друга страна има за цел да ги презентира развојните трендови поврзани со постапувањето пред ЕСЧП. Она што е особено потенцирано во анализата е важноста да се идентификува фактичкото влијание што го извршиле одлуките на ЕСЧП врз развојот на законодавството и правосудната практика во Република Македонија, како и на евентуалното отсуство на реакција од страна на државата, што резултира со повторување на исти или слични препораки за земјата.

Според ГОРДАНА ЛАЖЕТИЌ, професорка на правниот факултет анализата доаѓа во висинско време, затоа што рејтинот на Македонија во Стразбур е намален, односно државата нема ни преодна оцена.

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА, автор на анализата, истакна дека она што е суштинско во анализата е разгледувањето на последиците од претходно донесените одлуки и колку тие одлуки влијаеле врз институциите. Пресудите на ЕСЧП се сигнализација за поширок, повеќеслоен системски проблем со кој се соочува државата и правосудниот систем, а секоја пресуда треба да доведе до видливи поместувања во правосудниот систем, пред сѐ во законските решенија кои регулираат одредена материја, со цел во иднина да не ни се повторуваат исти или слични повреди на човековите права.

САШКО ТОДОРОВСКИ, автор на анализата, истакна дека дипломатијата е сѐ уште најголемиот увозник на добрите практики и цивилизациските придобивки од меѓународен на национален план и обратно. Го постави прашањето дали нашето судство сака да влеземе во ЕУ, односно потенцираше дека ако нашето судство не е подготвено да го прифати ЕСЧП, како понатаму при евентуална интеграција во ЕУ ќе го прифати Европскиот суд на правдата или судот на ЕУ.

ДАРКО ПАВЛОВСКИ, советник на анализата, истакна дека промената на диоптријата, односно дали ќе гледаме позитивно или негативно на пресудите донесени против Република Македонија, ќе помогне во имплементација на пресудите во системот. Донесените пресуди треба да се читаат како пресуди донесени ЗА а не ПРОТИВ Република Македонија. Македонија не може да биде дел од ЕУ ако не ги почитува и не ги имплементира во системот пресудите на ЕСЧП. Државата исто така треба да посвети внимание на следење на целокупната пракса на ЕСЧП а не само на предметите кои се водат против Република Македонија, бидејќи само така ќе се инспирираат реформи кои ќе превенираат идни можни случаи пред ЕСЧП.

BETSY APPLE, Директорката за застапување и шеф на Одделот за Владеење на правото во Иницијативата за правда на Отворено општество со седиште во Њујорк, на промоцијата говореше за важноста на извршувањето на пресудата на ЕСЧП, апликација бр. 39630 (случајот Ел Масри) и истакна дека случајот е од огромна важност бидејќи е една од 11-те пресуди по основ на тортура што посочува на постоење на системски проблем по основ на прашањето на тортура, а ова е видлив случај кој е од особена важност за владеењето на правото и заштита на човековите права. Понатаму случајот е важен со оглед на фактот дека Република Македонија е во период на политичка транзиција и работи активно на поправање на имиџот на државата, а случаите со тортура како што е случајот Ел Масри оставиле дамка на меѓународниот имиџ на државата.

Нејзина препорака е да се помогне работата на Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП на сите можни начини, па дури и со меѓународна помош – донација која ќе се искористи за дополнителен кадар, но и евентуално користење на граѓански организации на волонтерска основа.

Таа потенцираше дека во Македонија постојат многу организации како Институтот за човекови права, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Здружението на млади правници, Фондацијата Отворено општество – Македонија, како и други граѓански организации чија експертиза треба да се искористи во иднина.

Едицијата „Реформите наспроти правата“ содржи 5 тематски правни анализи изработени во текот на 2016 година како дел од потпрограмата „Алтернативни закони и политики“ на Фондацијата Отворено општество – Македонија, чија основна цел беше да ги регистрира појавите на ретроградни практики и политики во областите значајни за владеењето на правото и човековите права. Анализите даваат и препораки за надминување на воочените проблеми и претставуваат добра основа за отворање дебата за враќањето на македонското општество на евроинтегративниот пат. Ставовите на авторите содржани во едицијата „Реформите наспроти правата“ не ги претставуваат и отсликуваат секогаш ставовите на ФООМ.

поврзани новости

нема поврзани новости