п а р т н е р и
Граѓанско учество за локална демократија
пронајди

Граѓанско учество за локална демократија

Проектот „Граѓанско учество за локална демократија” е поддржан од Европската унија и се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во општините Струга, Струмица и Центар. Проектот, кој започна со реализација во јануари 2016 година и ќе трае до јуни 2017 година, претставува надополнување на заедничките активности во рамки на концептот Општина по мерка на граѓаните кој ФООМ го спроведува од почетокот на 2014 година во гореспоменатите општини.

Целта на проектот е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики.

Во рамките на проектот ќе се преземат следните клучни активности:

  • Изработка на Студија за проценка на состојбата во културата и идни чекори за делување во таа област;
  • Подготовка на Стратегии за култура проследени со Акциски планови во сите три општини;
  • Обуки за граѓански организации за јакнење на институционалниот и организацискиот раст и одржливост;
  • Доделување грантови на граѓански организации за јакнење на нивниот капацитет и поддршка на мали иновативни проекти и иницијативи од областа на културата за спроведување на локалните стратегии за култура.
За повеќе информации за проектот Граѓанско учество за локална демократија:

Фондација Отворено oпштество - Македонија
Бул. Јане Сандански бр. 111, п. фах 378
1000 Скопје 

Контакт-лица: 
Јулијана Караи, Координаторка на проектот
E-mail: julijana.karai@fosm.mk 
Tелeфон: 02 2477 108

Влатко Петрушевски, Координатор на проектот
E-mail: vlatko.petrushevski@fosm.mk
Tелефон: 02 2477 172

Веб-страница на проектот: www.cpc.mk